Шкотска ја „запали“ Каталонија

Со засилување на движењето за независност на Шкотска, се разгореа страстите во шпанскиот регион Каталонија.  Во четврток ќе бидат одржани демонстрации во Каталонија, која сака одделување од Шпанија. Најновите анкети во Шкотска, покажаа дека повеќето Шкоти бараат независност од Обединетото Кралство, пренесе агенцијата АФП.
Претседателот на Каталонија, Артур Мас, го најави планот за одржување консултација за независност, предвидена на 9 ноември оваа година.
„Љубоморни сме им на Шкотите“ – изјави 32 – годишниот архитект Џозеф Марија Гуел, претседател на Каталонското национално собрание.
Каталонија, на 11септември во четврток, го слави државниот празник „Diada“, на точно недела дена пред референдумот во Шкотска.
На тој ден во 1974 година, силите на шпанскиот крал Фелипе V конечно ја поразија каталонската војска.
Во Каталонија живеат 7,5 милиони жители, горди на својот каталонски јазик и култура.  Во четврток ќе бидат одржани демонстрации во Каталонија, која сака одделување од Шпанија. Најновите анкети во Шкотска, покажаа дека повеќето Шкоти

Пронајдете не на следниве мрежи: