Шкотска одлучи

Аналитичарите се согласни дека исходот е сосема извесен и дека практично е невозможно Шкотска по вчерашното гласање да стане независна држава.Поразот го призна и шкотскиот премиер Алекс Салмонд, кој во обраќањето ги повика приврзаниците да ја прифатат вољата на мнозинството.
Икао резултатот не е целосен, знаеме дека мнозинството ќе бидат против осамостојување на Шкотска. Во овој момент Шкотите решија дека не сакаат независна Шкотска. Ја прифаќам вољата на народот и ги повикувам сите да ја почитуваат демократската пресуда на шкотскиот народ, изјави Салмонд. Тој за во иднина најави соработка со властите во Лондон, но веднаш изрази очекување дека итно ќе бидат исполнети ветувањата за пренесување на дополнителни овластувања од Лондон на Шкотска.

Според последните резултати дури 55,42 отсто од Шкотите рекле „не“ за отцепувањето од Велика Британија. Останаа да се пребројат гласовите од уште еден округ. Одзивот на референдумот е рекордни 86 проценти.
Британскиот премиер им честиташе на граѓаните на Шкотска и на водачите на кампањата против отцепувањето. Камерон најави обраќање пред јавноста во 8 часот.

Поразот го призна и шкотскиот премиер Алекс Салмонд, кој во обраќањето ги повика приврзаниците да ја прифатат вољата на мнозинството.
Икао

Пронајдете не на следниве мрежи: