Фановите на Џек посебно ќе се израдуваат. Било да го сакате овој филм или не, мора да признаете дека теоријата има барем малку смисла.„Титаник“ сигурно го имате гледано барем еднаш и големо прашање е дали воопшто ѝ имате простено на Роуз што дозволила Џек да потоне иако имало сосема доволно место за двајцата, тоа дури го признала и самата Кејт Винслет.
Филмот е прикажан за прв пат во 1997 година и понатаму се дава на телевизија. Не само што луѓето не го забораваат, туку и понатаму размислуваат за можни теории зад трагичната љубов помеѓу Џек и Роуз.
Една таква се појави на форумот Редит и навистина е неверојатна.
Теоријата е следнава: Џек воопшто не постои! Никогаш не ни бил на бродот и претставува само измислен лик на Роуз.
Корисникот на Редит ја изнел оваа теорија со објаснување:
„Роуз била несреќна пред да го запознае Џек. Всушност, толку несреќна, што постои можност психички да не е стабилна, а кој би бил кога го очекува свадба со личност што не ја сака, приморана е на брак поради финансиската криза на семејството и има онаква мајка. Џек и Роуз се `запознале` така што Џек ја предомислил да не си го одземе животот.
Поради тешката ситуација и лабилната ментална состојба, Роуз често мечтаела за Џек. Оваа сега доста популарна теорија има доста докази кои јасно посочуваат на можноста дека Џек никогаш не ни постоел.“„Титаник“ сигурно го имате гледано барем еднаш и големо прашање е дали воопшто ѝ имате простено на Роуз што дозволила Џек да потоне иак