Стопанската комора за туризам на Македонија (СКТМ) тврди дека нема проблеми со безбедноста во хотелите во Турција и дека македонските граѓани кои планираат летување таму не треба да стравуваат од новонастаната ситуација.Претседателот на СКТМ Ѓорѓи Вчков попладнево на прес-конференција рече дека контактирале со туроператорите и туристичките агенции, со туристите кои се во моментов на летување во Турција и со претставници на хотелските комплекси. Соопшти дека авиосообраќајот кон и од Анталија не е прекинат и дека ноќеска кон тоа летувалиште ќе се реализираат два чартера со македонски туристи.
– Воопшто нема никакви промени во однос на безбедноста или ситуацијата во туристичките комплекси каде што се нашите македонски туристи. Редот на летање е ист и засега нема никакви најави за промена, рече Вчков.
Прес-конференцијата ја свикал за да ја појасни реалната ситуација поради тоа што, како што рече, се појавиле многу шпекулации. Според податоци од агенциите, во моментов има околу илјада македонски туристи во летувалиштата во Турција.
– Сите туристи се здрави, исконтактирани се од страна на туристичките агенции. Си го поминуваат одморот, одат на плажа и се безбедни, пред се. Дел од нив се враќаат вечерва, дел од нив утре, има различни аранжмани, додаде Андреј Сирачевски од АСА-тур.
Од хотелите биле известени дека уште во претсезоната покрај редовно имале и вонредно обезбедување од приватни агенции, а од денеска хотелите имале и дополнително обезбедување од страна на државните органи.
Поради јавувања на загрижени патници, Вчков апелираше да не се откажуваат аранжманите а ако, сепак, има некои што не сакаат да отпатуваат, рече дека ќе важат Општите услови за патување содржани во договорот што го склучиле со туристичката агенција, бидејќи засега МНР нема препораки.
– Нашето Министерство за надворешни работи досега немаше никакви реакции, претпоставуваме дека така и ќе остане. Ако некои туристи не сакаат од страв да патуваат, апелираме да контактираат со своите туристички агенции за да може на најдобар начин да се среди ситуацијата, да се види што ќе се направи ако сакаат да се откажат од аранжманите. Сепак, си постојат правила на игра кои се дефинирани во Општите услови за патување, рече Вчков.
СКТМ посочи и дека се одвива и патниот сообраќај и не се затворени грчко-турската и бугарско-турската граница.Претседателот на СКТМ Ѓорѓи Вчков попладнево на прес-конференција рече дека контактирале со туроператорите и туристичките агенции, со туристите кои