Губењето на вишокот килограми за некои луѓе претставува многу тешка задача и збунувачка загатка, но ако успеете да ги активирате хормоните што влијаат врз процесот на слабеење, за кратко време ќе успеете да ја решите таа загатка.Хормоните се одговорни за регулирањето на нашата телесна тежина, а ние ви откриваме неколку начини како без диета да ги активирате хормоните што влијаат врз слабеењето и на тој начин да го забрзате метаболизмот.
1. Намалете ја желбата за храна, така што ќе јадете храна што заситува
Некоја храна, едноставно, повеќе нè заситува од некоја друга. Хормонот задолжен за регулирање на тежината кој е одговорен за чувството на ситост се нарекува лептин, а храната богата со протеини е одличен начин за да го нахраните своето тело и да го активирате лептинот за подолго време да се чувствувате сити. Лептинот му кажува на мозокот дека повеќе не сте гладни и дека треба да престанете да јадете. Истражувањата покажале дека благото зголемување на внес на протеини во исхраната, заедно со физичка активност и енергетски контролирана исхрана, ја подобрува регулацијата на телесната тежина. Една студија покажала дека конзумирањето на протеини го зголемува чувството на ситост и им помага на луѓето да се ослободат од вишокот килограми, но притоа да не изгубат од мускулната маса.
2. Изградете мускулна маса
Истиот хормон кој ја зголемува мускулната маса кај бодибилдерите, кај вас може да биде клуч за губење на килограмите. Хормонот тестостерон е присутен и кај мажите и кај жените, а неговото ниво можеме да го зголемиме така што ќе креваме тегови. Колку е повисоко нивото на тестостерон, полесно ќе ослабете, бидејќи мускулите ќе ги согоруваат мастите. Кревајте тегови со доволна тежина и доволно повторување, додека не почувствувате дека мускулите ви „горат“ и набрзо ќе ги забележите резултатите.
3. Не прескокнувајте го појадокот
Наутро, вие буквално ги активирате хормоните одговорни за губење на тежината со прекинувањето на целоноќниот пост. Додека спиете, вашето тело е во пост и согорува малку калории додека ги обработува дневните информации низ соништата и сеќавањата. Срцевиот ритам и дишењето се бавни, што значи дека метаболизмот е бавен додека одмарате. За да го разбудите телото и да предизвикате забрзување на метаболизмот, започнете го денот со протеини од растително потекло, како и растителни извори на масти и јаглехидрати. Немојте да надминете 800 калории и уделот на јаглехидрати во оброкот нека биде помал од уделот на протеини и масти.
4. Добар сон
Нивото на хормонот лептин, кој споменавме дека е заслужен за чувството на ситост зависи од тоа дали спиете 6 – 8 часа секоја вечер. Ако немате квалитетен сон, нивото на липтин се намалува, па ќе имате поголема желба за храна и енергија за да го надополните недостатокот на одмор. Вашето тело размислува дека ако сте уморни, тоа значи дека ви е потребна енергија во вид на храна, а нивото на хормонот лептин не е доволно високо за да му каже на мозокот дека всушност не сте гладни.
5. Јога дишење
Фокусираното дишење кое го практикуваат јога мајсторите, го менува нивото на хормони на надбубрежната жлезда, одговорни за слабеење. Една студија во која истражувачите побарале од испитаниците да дишат низ една ноздра додека другата ја држат затворена, 27 респираторни циклуси, повторувајќи го ова 4 пати дневно во период од еден месец, покажала дека учесниците го забрзале метаболизмот и потрошувачката на кислород во текот на одмарањето за 37 отсто.Хормоните се одговорни за регулирањето на нашата телесна тежина, а ние ви откриваме неколку начини како без диета да ги активирате хормоните што вл