Слабостите на секој хороскопски знак!

Секој има своја слаба точка. Дознајте кои  се слабостите на секој хороскопски знак:Овен
Вашата слаба точка е вешто прикриена, па изгледате како да немате, но вас ве нервира помислата да бидете осамени и изолирани како болни а да немате никој покрај вас да ве утеши. Вашата слаба точка е семејствот и затоа ви  е потребен партнер кој постојано ќе биде покрај вас.
Бик
Тој кој не ве познава мисли дека можете и умеете да направите се што сакате. Кога нешто ќе зацртате не отстапувате од своите цели. Секако, на вас ви е лесно само кога сте финансиски обезбедени кога паричникот ви е полн и со тоа сте ги обезбедиле и најблиските. Не сакате да ризикувате за да не останете без финансиска поддршка. На саканите сакате да и го пружите само најдоброто.
Близнаци
Вашата слаба точка е вашиот нервен систем па така противникот може да ве доведе до благ очај доколку започне да ви ги тренира нервита. Тогаш не ви помага ни вашата вродена интелигенција а ни снаодливоста.  Избегнувајте ситуации во кој треба да се соочите со самите себе.

 

Рак
Вашата загриженост за се и сешто, е последица од вашата несигурност и стравови кои ве обземаат од време на време. Затоа барате стабилен партнер. Слаба точка ви е загубата на саканата личност.
Лав
Вашата слаба точка е вашата суета која некогаш нема граници, па многумина може да манипулираат со вас. Се плашите од јавно потсмевање и губење на моќта. Не сакате да покажувате колку сте великодушни.
Девица
Вашата слаба точка е контролата, се плашите дека нешто може да ви побегне од рака, па тогаш ви страда нервниот систем. Должностите и обврските се ваши свети правила без кои не умеете да функционирате. Вие знаете добро да се грижите за себе.

 

Вага
Не сакате конфликти, особено не на јавно место па затоа често сте воздржани. Вашата слаба точка се разговоре за непријатни теми, како што се здравствени прблеми. Сами себе си ја олеснувате реалноста, и се трудите да избегнете стрес.
Скорпија
Вашата слаба точка е љубовниот живот, без оглед на тоа што ја носите титулата на најдобар заводник. Ве загрижува и физичкиот изглед и еротската моќ, затоа што времето поминува. Контрола не губите никако, но саканата личност може да ја загубите.
Стрелец
Иако сте прилагодливи и снаодливи постојано сте под стрес, се плашите дека другите прават нешто зад вашиот грб, особено на работното место. Вие не сакате агресивност и насилство па сте чувствителни на туѓите проблеми. А многу се грижите за однесувањето на саканата личност и често немате доверба во неа.

 

Јарец
Се плашите од промени и иако секогаш се стремите да одите напред и да бидете на врвор сепак вашата слаба точка е емотивноста. Имате дарба да го почувствувате она што другите не можат, и тоа ве загрижува затоа што сте суеверни.
Водолија
Иако на прв поглед изгледате препотентно, вашата слаба точка е страв од губиток, било да се работи за професионална положба, финансиска сигурност или почитување на семејството. Во длабочината на душата се плашите од понижување, болест и сиромаштија, а за тоа не сакате да зборувате. Вашата слаба точка се домашните миленици.
Риби
Вешто и шармантно ги прикривате своите несигурности- вашата слаба точка малкумина може да ја забележат. Амбициозни сте и многу способни, па стравувате од „големи риби“ кои може да ве прооголтаат, но тоа никогаш нема да го покажат. Овен
Вашата слаба точка е вешто прикриена, па изгледате како да немате, но вас ве нервира помислата да бидете осамени и из

Пронајдете не на следниве мрежи: