Слаткар ја раскажа својата тешка животна приказна

Познатиот македонски рапер Слаткар во кратко интервју за ТВ Канал ВИС реши да раскаже дел од својот личен живот. Во рамки на настапот во Струмица познатиот рапер рекол дека се е возможно во животот, а во одговорите во рамки на интервјуто тоа го потврдува и со примери од неговиот приватен живот.
„Јас сум растен во стан од 40 квадрати. Растен сум од социјална помош, со тројца браќа и чекање патики по 3 години за да дојдеме на ред, али сум се потрудил во животот. За да успеам пробувам да работам, пробувам да бидам свој и да не бидам ништо друго. И јас не можам да се помирам со она што станав. Никогаш не сонував за нешто така големо“, вели познатиот музичар.
На прашањето што мислат неговите родители за неговиот начин на живот Слаткар вели дека тие првин се противеле, но сега го поддржуваат бидејќи се свесни дека младите ќе прават како што ќе каже тој.
Меѓу другото Слаткар во интервјуто потврдува дека неговата песна „Дали Да полетам“ е песна за неговиот живот.
„И не само таа, 99% од песните се лично мои приказни што сум ги осетил, искусил или во краен случај чул“, вели тој.Во рамки на настапот во Струмица познатиот рапер рекол дека се е возможно во животот, а во одговорите во рамки на интервјуто тоа го потврдува и со

Пронајдете не на следниве мрежи: