Според многуте направени истражувања и анализи се покажало дека во просек луѓето прв пат се насмевнуваат, дури околу 11 часот наутро. Не е ни чудно. Кога алармот ве буди уште во 7:15 тогаш сигурно ви доаѓа како гарфилд да се сокриете под покривката и да замолите да ве разбудат дури во вторник. Понеделник е најтешкиот ден од неделата, но постојат неколку слатки начини за понеделничка насмевка на вашето лице.
Започнете го денот со утринско кафе со највеселата личност во канцеларијата/факултетот , многу поверојатно е да се расположите кога сте во друштво со позитивни луѓе кои ќе ви ги прераскажат нивните викенд аванутри и интересни случувања, отколку да сте со депресивни луѓе. Според направните истражувања, ако особата со која сте во друштво е добро расположена, имате 25% повеќе шанси и вие да почнете да се чуствувате добро.
Јавете се на некоја драга особа, сигурно дека ќе се чуствувате одлично откако ќе го слушнете гласот на најдобрата пријателка. Јавете му се на саканиот и посакајте му убав ден, итоа колку порано толку подобро, додека гласот ви има секси тон. И двајцата ќе има за што да размислувате додека да се видите вечер.
Сментете го местото за појадок, најдете пријатно место во градот, облечете нешто ново и убаво , така ќе се чуствувате сигурно и исполнето , нека ви бидат инспирација девојките од сексот и градот. Започнете го понеделникот со стил!
Испотете се добро наутро, истражувањата покажале дека луѓето кои имаат редовно утрински секс се многу порасположени и поведри во текот на денот. Тоа е поради тоа што со водењето љубов ја отстраниле целата негативна енергија од себе и хормонот за добро расположение го наошол своето место во телото. Меѓутоа, доколку во моментот немате дечко за да ви ги потресе ендрофинот и невротрансмитерите, во тоа ќе ви помогне едночасовното вежбање пред работа.Според многуте направени истражувања и анализи се покажало дека во просек луѓето прв пат се насмевнуваат, дури о