Во просториите на Општина Велес денеска градоначалникот Славчо Чадиев пред бизнис секторот ја презентираше новата Индустриска зона „ Мамутчево“, лоцирана на левата страна од регионалниот пат Велес-Штип.Како што информира за медиумите градоначалникот Чадиев, Индустриската зона Мамутчево се простира на површина од 43 хектари и е најголема во поширокиот регион.
– Оваа Индустриска зона Мамутчево е со основна класа на намена на површини Г-(производство, дистрибуција и сервис) односно класа на немена, Г2-лесна и незагадувачка индустрија, Г3-сервиси, Г4 -стоваришта на локалитетот во месноста викана „Кумсал“ Катастарска Општина Мамутчево, Општина Велес. А планираме во капацитетите на оваа индустриска зона да се вработат од две до три илјади граѓани од Велес и поширокиот регион,информира Чадиев.
Тој појасни дека теренот за предвидениот стопански комплекс Мамутчево е рамен и има добра инфраструктура односно се поврзува со патот за Скопје и Прилеп.
Бизнисмените се распрашуваа и бараа подетално објаснување за можностите и поволностите кои ги нуди Општина Велес за изградба на производствени погони во рамки на Индустриската зона Мамутчево.Како што информира за медиумите градоначалникот Чадиев, Индустриската зона Мамутчево се простира на површина од 43 хектари и е најголема во поширок