СЛАВЕЈОТ ОД ПАЛЕСТИНА: Како дете бегал од бомби, денес одржува концерти низ Европа и САД

Победникот во арапската верзија на шоуто „Идол“, ги полни концертните сали во Европа и САД, но и понатаму не може да ги заборави сцените на бруталните убиства во Газа.Кога минатата година, во јуни, жирито го изговори неговото име, Мохамед Асаф од Палестина си го оствари сонот. Момчето кое што дотогаш пеело на свадби, освои трофеј и договор за албум, а неговиот настап во финалето го следеа скоро сто милиони гледачи.
Влезниците за неговите концерти денес се распродаваат во рок од неколку дена, а неговите хитови стигнаа дури и до Канада и Австралија.
„Од својата четврта година живеев во кампот за бегалци `Кан Јунис` во Газа и гледав како Израелците ги убиваат моите пријатели и роднините. Животите на невини луѓе се гасеа пред моите очи. Не смееме да дозволиме таквите работи да се повторуваат“ – рече Асаф во едно интервју.
„Славејот од Палестина“, како што го нарекуваат фановите, доживеа голем успех дури и во Израел. Како амбасадор на добрата волја на ОН, тој често ги посетува камповите за бегалци во Газа и се надева дека ќе допринесе за решавањето на израелско-палестинските односи.Кога минатата година, во јуни, жирито го изговори неговото име, Мохамед Асаф од Палестина си го оствари сонот. Момчето кое што дотогаш пеело на сва

Пронајдете не на следниве мрежи: