Сликата е од митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Кочани на 09.12.2018 г.
Во прилог е пресудата на С.А за поткуп при избори и гласање од локалните избори во 2017 година.
ВО ИМЕТО НА ГРАГАНИТЕ НА
РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!
ОСНОВНИОТ СУД ВО КОЧАНИ, како првостепен кривичен суд,
составен од судијата Катерина Цоневска како судија поединец, при
записничар Јелица Хаџи-Василева, постапувајки по предлогот за
издавање на казнен налог Ко.б од 27.11.2017 год. на Основното јавно
обвинителство К., против обвинетата С.А. од К., за кривично дело
,,Поткуп при избори и гласање,, од чл.162 ст.3 в.в. ст.1 од КЗ денес на ден
18.12.2017 год., ја донесе следната:
П Р Е С У Д А
Обвинетата С А од татко Ј и мајка Љ , родена на … година во С., о
живее во К. на ул , по националност Македонка, Државјанин на РМ, со
ЕМБГ …, ВИНОВНА Е
ЗАТОА ШТО:
На ден 14.10.2017 година околу 13,оо часот, на лицето В Р и
нудела пари, од помала вредност, со намера да ја придобие како да го
искористи своето избирачно право, на начин што откако отишла во
семејниот дом на В Р лоциран на ул.,, во К., и понудила 1.000,оо денари
за да гласа за политичката партија ВМРО ДПМНЕ на претстојните локални
избори.
Со опишаното дејствие обвинетата сторила кривично дело ,,Поткуп
при избори и гласање,, од чл.162 ст.3 в.в. ст.1 од КЗ, а врз основа на
истиот законски пропис и чл. чл.32,33,38, 38-а,39 од КЗ и чл.497 ст.2 т.5 и
ст.3 т.2 од ЗКП (Службен весник на РМ бр.150 од 18.11.2010 година), и
чл.102 и чл.114 од ЗКП издавам:
К А З Н Е Н Н А Л О Г
Со кој и изрекува 100 дневни глоби
Вредноста на една дневна глоба се утврдува на 2 евра, па
судот ја :
О С У Д У В А
НА ПАРИЧНА КАЗНА OД 100 ДНЕВНИ ГЛОБИ ВО ИЗНОС ОД 200
2 К.бр.278/17
/двеста евра/ во денарска противредност за една дневна глоба во износ
од 61,50 денари или во вкупен износ од 12.300,оо (дванаесет илјади и
триста) денари.
СЕ ЗАДОЛЖУВА обвинетата на име судски паушал да плати износ
од 1.500,оо денари, во рок од 15 дена по правосилноста на пресудата, под
страв на присилно извршување, а во корист на Буџет на РМ НБРМ на
сметка 1000000000630-95, сметка на Буџетски корисник 290100080963115,
приходна шифра и програма 724 132 20 начин 2.
О б р а з л о ж е н и е
Основното јавно обвинителество К. до овој суд поднело предлог за
издавање на казнен налог Ко.бр. од 27.11.2017 год. против С.А. од К., за
кривично дело ,,Поткуп при избори и гласање,, од чл.162 ст.3 в.в. ст.1 од
КЗ и со поднесениот предлог дало предлог да судот донесе пресуда и на
обвинетата и издаде казнен налог со кој ке и изрече кривична санкција
Парична казна во износ од 100 дневни глоби сметано по 2 евра за една
дневна глоба во денарска противвредност за една дневна глоба по 61,50
денари или во вкупен износ од 12.300,оо денари.
Судот постапувајки по предлогот за издавање на казнен налог на
ОЈО К., смета дека податоците во предлогот за издавање на казнен налог
даваат доволно основа за издавање на казнениот налог, па и од тие
причини се согласи со поднесениот предлог од ОЈО К..
Доказите предложени во предлогот за издавање на казнен налог и
тоа: записник за испитување на сведок В Р КО.бр. од 07.11.2017 година,
записник за испитување на сведок С М КО.бр. од 07.11.2017 година, кои
го оправдуваат донесувањето на пресуда со која се издава казнениот
налог.
Судот го прифати предлогот на ОЈО К. за видот на кривичната
санкција што ја предложи а тоа е парична казна во износ од 12.300,оо
денари. Со ваквата кривична санкција судот смета дека ќе се постигнат
целите на специјален и генерално превентивен план и воспитно ќе се
влијае на обвинетата во иднина да не чини вакви и слични кривични дела.
Судот ја задолжи обвинетата на име судски паушал да плати износ
од 1.500,оо денари, во рок од 15 дена по правосилноста на пресудата.
Од сето напред изложено се донесе одлука како во диспозитивот на
оваа пресуда.
ОСНОВЕН СУД КОЧАНИ, на ден 18.12.2017 година.
ПОУКА: Против оваа пресуда обвинетиот има право на приговор во рок
од 8 дена од денот на приемот на пресудата, до Овој суд.
По истекот на рокот за приговор, ако приговорот не е поднесен
3 К.бр.278/17
пресудата ке стане правосилна.
Записничар С у д и ј а
Извор: Славица Ангеловска десната рака на Мицковски