Славната пејачка проговорела за борбата со булимија: “Се чувствував заробено”

Пејачката Никол Шерцингер долго време се борела со булимијата, додека конечно не одлучила да стави крај на оваа опасна болест. Таа вели дека ѝ било потребно време за да признае дека патела од пореметување во исхраната, за кое зборувала во списанието “Cosmopolitan”.Никол Шерцингер позирала за насловната страница на популарното женско списание, во кое отворено говорела за мрачната страна на својот живот – булимијата. Поранешната членка на групата “Pussycat Dolls” со години се борела против оваа опасна болест која ја уништувала одвнатре. 
“Денес многу повеќе го прифаќам своето тело. Отсекогаш сум била критична кон себеси, а на 14 години почнав да трчам. Некогаш се случуваше да излезам сред ноќ за да трчам, бидејќи бев уверена дека морам да бидам послаба и дека моите бедра мораат да изгледаат токму онака како што јас сум замислила”, изјавила Никол.

Самокритичноста кон сопствениот изглед со текот на времето прераснала во пореметување. Како јавна личност, пејачката секогаш била во центарот на вниманието, а медиумите се една од причините поради која Никол станала опседната со “совршениот изглед”. Иако е тешко за верување, таа исто така додава дека во тоа време патела од недостаток на самодоверба.

“Се чувствував заробено, а булимијата ми ја украде целата среќа, самодоверба и спомени. Голем дел од тоа се случуваше кога бев дел од “Pussycat Dolls”. Имам многу обожаватели и не сакав тоа јавно да го признаам, бидејќи се срамев. Но, кога конечно проговорив за булимијата, сфатив дека тоа им помогна на многумина кои поминуваат низ истото”, вели Никол.
 
 Никол Шерцингер позирала за насловната страница на популарното женско списание, во кое отворено говорела за мрачната страна на својот живот –

Пронајдете не на следниве мрежи: