Алиша Кис е позната по својата природна убавина, бидејќи воопшто не ѝ е потребна шминка за да изгледа убаво.Повеќе од една година откако ја донесе одлуката дека нема повеќе да носи шминка, пејачката останува доследна на својот став, па така во приватниот но и во професионалниот живот, Алиша постојано се појавува без шминка на важните настани.
Гордата мајка на две деца неодамна била забележана во Њујорк во потполно црна комбинација која ја надополнила со шарена кожна јакна и уште еднаш докажала дека зрачи со природна убавина.
“На жените им се пере умот дека мораат да бидат слаби, секси, посакувани и совршени. Една од работите кои најмногу ги мразам е осудувањето на другите жени. Тие постојани стереотипи дека не е нормално да носите средна големина на облека, а не дај Боже плус големина. Или постојаното повторување дека сексапилот значи да се биде гол.
Искрено се надевам дека со ова ќе покренам револуција бидејќи не сакам повеќе да се покривам – ниту своето лице, ниту умот, ни своите мисли, соништа или емоционален раст. Ништо. Секој пат кога излегував од дома, се грижев дали сум ставила шминка бидејќи некој би можел неочекувано да ме фотографира. Тоа беа површни мисли, полни со несигурност, но размислував на тој начин. Од кој агол и да гледав, им придавав премногу значење на она што другите мислат за оние”, изјавила Алиша во една прилика, но објаснила дека не сака никого да наговори на ништо.
“Никогаш не сум се чувствувала толку силно како сега без шминка”, заклучила таа.Повеќе од една година откако ја донесе одлуката дека нема повеќе да носи шминка, пејачката останува доследна на својот став, па така во приватниот