Житото е составен дел од македонската традиција и служи во чест на светителот кој се слави, за здравје и напредок на домот и домашните.Пченичното зрно во христијанството е симбол на вечен живот, смрт и воскресение, бидејќи кога се сее тоа умира и ‘рти, но од него се раѓа нов живот кој носи стократен род. Житото за слава се вари и принесува за Бојата слава, во чест на светителот кој се слави, за здравје и напредок во домот и луѓето кои живеат во него, како и за покој на душите на сите предци кои живееле во тој дом.
После сечењето на колачот, житото прво му се служи на домаќинот,а потоа и на другите членови од семејството. Потоа се служат сите гости и кој како доаѓа на слава, најпрво се послужува со славското жито. Житото најчесто го служи домаќинката или девојче од куќата, ќерка или внука и тоа на следниот начин: домаќинката му го принесува житото на гостинот, гостинот станува се прекрстува, се врти кон домаќинот и домаќинката, им ја честита славата и зема од житото, после што повторно се прекрстува и седнува на место. Житото најпрво им се служи на постарите, па на младите. Послужавникот со жито стои покрај славската свеќа додека трае славата. Доколку остане од житото, кога славата ќе се заврши тоа им се дава на децата или им се дава на децата на присутните гости.
Рецепт за подготовка на пченица за слава:
– 500 гр пченица
– 400 гр шеќер
– 400 гр мелени ореви
– ванилин шеќер
– 1 кафена лажичка мускантно оревче
Пченицата истребете ја и ставете ја во сад, па прелијте со вода и оставете така да преноќи….
Утредента потопеното жито измијте го во неколку води и добро сварете ја пченицата во експрес лонец. Кога пченицата ќе се свари оставете ја малку да се олади и кога ќе ја достигне собната температура процедете ја, но немојте да ја миете за да може да го задржи својот пченичен скроб.
Додека се уште е топла, мелената пченица помешајте ја со мелените ореви, шеќерот, ванилиниот шеќер и мускантното оревче – по вкус. Сето тоа добро измешајте го со рацете, а потоа добиената смеса ставете ја во плитка чинија и убаво обликувајте со рацете.
Православни обичаи: Еве што претставуваат украсите на славската погача – Прочитајте ТУКА
На крајот, на славското жито одозгора наросете мелени ореви. Можете да го украсите и така што на врвот ќе направите релјеф во облик на крст или додадете овошје, или било што друго што е по ваш вкус.
Најдобри рецепти, кулинаарски совети, трикови и диети, како и здрав начин на живот, можете да најдете на Фејсбук страната најадисе.мкПченичното зрно во христијанството е симбол на вечен живот, смрт и воскресение, бидејќи кога се сее тоа умира и ‘рти, но од него се раѓа нов