Естроген, прогестерон, LH и FSH не управуваат нас жените, нашите циклуси, здравјето, ни одреуваат кога ќе бидеме гладни, среќни, тажни…Секој менструален циклус, без разлика дали во просек трае 28 денови, 21 или 30, е поделен во три основни фази: Фоликуларна, овулациона и лутеинска фаза.
Фоликуларна фаза: Исфрлете ги адитивите
Оваа фаза започнува штом завршува менстриачното крварење. Хормоните на хипофизата. LH и FSH го поттикнуваат јајникот да создаде фоликул, или повеќе фоликули, од кои, по пукањето, ќе се ослободи јајната клетка. Во оваа фаза, жената се чувствува одлично, покачен и е естрогенот и нема напади на глад. За да не го расипувате одличното расположение, исфрлете ги намирниците богати со адитиви и вештачки бои кои придонесуваат кон хормонската рамнотежа.
Овулациона фаза: Грицкајте ореви
Овулацијата започнува по наглиот скок на хормонот LH, кој го припрема фоликулот за ослободување на јаните клетки. Жената станува нервозна, без причина е раздразлива, но тогаш е и најрасположена за секс. Тогаш треба да бидете физички активни и да јадете намирници богати со омега 3 масни киселини, како скушата или лососот, и намирници богати со други здрави масти, како ореви и семки од тиква.
Лутеинска фаза: Јадете здрав шеќер
Започнува ослободувањето на јајната клетка и создавањето на жолто тело, пратено со зголемено лачење на прогестеронот и на естрогенот.. Додека нивните вредности не се намалат, и додека матката не се спреми за ново крварење, на жената и расте апетитот, има потреба да јаде слатки, потечена е бидејќи ја задржува течноста, раздразлива е, чувствителна, загрижена… Во оваа фаза избегнувајте слатки и кафе, а јадете сложени јаглени хидрати, како интегрален ориз, мешунки и производи од интегрално брашно, кои ќе го намалат уморот и ќе го регулираат нивото на шеќер во крвта.Секој менструален циклус, без разлика дали во просек трае 28 денови, 21 или 30, е поделен во три основни фази: Фоликуларна, овулациона и лутеинска