Дваесеттото коло на Бундеслигата беше со многу изненадувања за водечките клубови на табелата. Освен првакот Баерн кој го држи првото место, сите клубови од 2 до 7 место беа губитници.Првиот натпревар од 21 коло се игра во петок, Баер Леверкузен патува во Аугзбург. Очекуваме Роџер Шмит и овој пат да го изнесе на терен Тин Једвај, кој минатата недела играше доста добро во победничкиот натпревар против Ајнтрахт Франкфурт. Леверкузен моментално е на 9 место на табелата со само 3 бода предност над Аугзбург. Преносот во живо следете го на Еуроспорт 2 во петок во 20:30 часот.
Баерн во новото коло ќе се сретне со Херта и ќе проба да ја зголеми својата предност на табелата. Моментално има 7 бода предност пред второпласираниот РБ Лајпциг. Херта по 3 порази во последните 4 кола се наоѓа на 6 место во Бундеслигата. Сепак Баерн не го очекува лесна задача, бидејќи Херта досега има изгубено само еден натпревар на домашен терен оваа сезона. Средбата Херта Берлин- Баерн Минхен следете ја во живо на Еуроспорт 2 во 15:30 часот.
Хамбургер СВ по две последователни победи избега од зоната на испаѓање. Во сабота го пречекува Фрајбург, екипа која во досегашните гостувања извојува само две победи. Преносот на средбата започнува во 18:30 на Еуроспорт2.
Второпласираниот Лајпциг во недела патува на гости кај Борусија Махенгладбах. Домаќините се во залет со три последователни победи. Преносот започнува во 15:30. Последниот пренос од средбата меѓу Келн и Шалке 04 е во 17:30.
Сите натпревари следете ги во живо на www.eurosportplayer.comПрвиот натпревар од 21 коло се игра во петок, Баер Леверкузен патува во Аугзбург. Очекуваме Роџер Шмит и овој пат да го изнесе на терен Тин Ј