Од идниот понеделник клопчето ќе почне да се одмотува. Вака актуелниот претседавач со македонскиот законодавен дом, Трајко Вељаноски, во изјава за Сител ги коментира преговорите со ДУИ за формирање на нова Влада. Тој во изјава за Сител вели дека сите детали од разговорите со ДУИ ќе се знаат пред крајот на рокот за формирање на Влада.
„Тоа е создавање влада согласно со резултатите од изборите на 11 декември и релативизирање на напнатата општествена состојба. Граѓаните го бараат тоа. Затоа, убеден сум дека господинот Груевски и господинот Ахмети ќе изнајдат решение за создавање влада. По мое убедување и по мои сознанија, од 23 до 29 јануари ќе се затворат сите отворени прашања. Мислам дека клопчето ќе се одмота од идниот понеделник“ – вели Вељаноски за Сител и додава дека очекува затворање на сите отворени прашања.
„Убеден сум дека во наредниот период, до 29 јануари, ќе се затворат сите отворени прашања: најпрво, завршување на конститутивната седница, и создавање на влада. Мандаторот Никола Груевски има 20 дена да ја состави владата. Имаше овие денови некои условувања дојдени од политичка партија, имаше одговор од ВМРО-ДПМНЕ, односно од мандаторот кој ја претставува партијата и коалицијата, и се надевам дека надвор од она што беше почетно искричење, согласно со Уставот и законите, во наредниот период, ќе започнат преговори“, рече Вељаноски. Тој во изјава за Сител вели дека сите детали од разговорите со ДУИ ќе се знаат пред крајот на рокот за формирање на Влада.
„Тоа е соз