Наредната среда, (27.11.2013) е неработен ден за граѓаните на Република Македонија, заради спроведување на есенската акција „Ден на дрвото – засади ја својата иднина”.Владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев за Курир ја потврди ваквата информација и нагласи дека до крајот на неделава јавноста ќе биде подетално информирана и запознаена за целиот настан.
Годинава ЈП „Македонски шуми” ќе засади од четири до пет милиони шумски садници на површина од над илјада хектари. Според директорот Жарко Караџоски, со есенската акција приоритети за пошумувањето годинава ќе бидат опожарените површини, голини во и надвор од шума, локалитети во непосредна близина на урбани и рурални средини и локации покрај природни и вештачки езера.
Од почетокот на акцијата досега се засадени 40 милиони садници, а 61 отсто е просекот на успешноста. Највисок процент на реализација имало во 2009 и 2010 година.Владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев за Курир ја потврди ваквата информација и нагласи дека до крајот на неделава јавноста ќе биде подетално инфо