Метеорскиот дожд Персеид, кој има околу 10 ѕвезди кои паѓаат, ќе се случи помеѓу 9 и 13 август.Како што наведуваат астрономите, кулминација ќе се случи помеѓу 12 и 13 август, но ќе биде тешко да се гледаат поради светлината на Месечината.
Имено, како што наведуваат астрономите врвот ќе се случи помеѓу 12 и 13 август, но Месечината ќе го попречи набљудувањето. Имено, Месечината е во фаза на полнење и во ноќта на најголемата активност на Пересид, таа ќе се наоѓа на пола пат од полумесечина до полна месечина. Затоа астрономите велат дека е најдобро да ги набљудувате пред изгрејсонце.
Метеорскиот дожд кој редовно „паѓа“ на земјата помеѓу 23 јули и 20 авгист потекнува од кометата Свифт- Татл која обиколува круг околу сончевиот систем за 130 години оставајќи зад себе облак од метеори.
Додека Земјата кружи околу Сонцето, овие „зрна“ продираат во атмосферата со брзина од околу 60киометри во секунди со согоруваат во неа.
Персеидите се познати и под името „Солзите на светецот Лоренцо“, затоа што паѓаат во времето кога се одбележува денот на овој ирски католички светец (10 август). – (ако забележите некој метеор замислете си желба од се срце се верува дека се остварува доколку е искрена и е на штета на никој).Како што наведуваат астрономите, кулминација ќе се случи помеѓу 12 и 13 август, но ќе биде тешко да се гледаат поради светлината на Месечината.