Ова утро во Македонија преовладува претежно ведро и свежо време со утрински температури кои што ќе бидат за некој степен повисоки од повеќегодишниот просек за овој период од годината.Во Македонија денес во раните утрински часови во северните, северозападните и западните предели појава на слаба магла. Во текот на денот ќе биде претежно сончево време со појава на локална облачност и многу топло време со невообичаено високи дневни температури за овој период од годината. Ќе дува доумерен слаб ветер од променлив правец. Утринските температури од 3 до 11 степени додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 21 односно до 29 степени.
Во Скопје денес претежно сончево време со појава на локална облачност и топло време. Ќе дува слаб североисточен ветер. Утринската температура од 9 степени додека пак максималната дневна ќе достигне до 26 степени.Во Македонија во сабота и недела под влијание на поле на висок воздушен притисок ќе продолжи сончевото и топло време со невообичаено високи температури за овој период од годината. Утринските температури од 4 до 12 степени односно од 3 до 11 степени, додека пак максималните дневни од 21 до 29 односно од 20 до 28 степени.
Во недела во доцните попладневни и во вечерните часови зголемување на облачноста. Во понеделник и вторник под влијание на циклонска циркулација не очекува промена на временската состојба, продор на влажна и постудена воздушна маса која што ќе услови поинтензивни врнежи од дожд локално и над 20 литри и осетен пад на температурите, кои што на планините над 2000 метри ќе донесе и врнежи од снег. Ќе дува и засилен северен и северозападен ветер што ќе достигне брзина и до 40 км/ч. Во понеделник минималните температури од 5 до 13 степени, а максималните од 12 до 20 степени, додека пак во вторник утринските од 2 до 10 степени, а дневните од 9 до 17 степени.
Во Скопје во сабота и недела ќе биде сончево и топло време со дневна температура која што ќе достигне до 25 односно до 24 степени. Во понеделник и вторник промена на временската состојба ќе услови нестабилно време со поинтензивни врнежи од дожд, ветровито и свежо време со пад на дневните температури кои што ќе достигнат до 16 односно до 14 степени.Во Македонија денес во раните утрински часови во северните, северозападните и западните предели појава на слаба магла. Во текот на денот ќе биде пр