Следува уште еден продолжен викенд

Во летните месеци граѓаните ја користат секоја прилика за да отпатуваат на некоја дестинација на која може да се разладат. Следна одлична прилика за тоа ќе биде последниот викенд од овој месец, 24. и 25. јуни кој ќе биде продолжен.Првиот ден на празникот Рамазан Бајрам е во недела на 25., па затоа понеделник (26 јуни) е неработен ден.
Еве уште колку неработни денови ни остануваа:
Според Програмата на неработни денови за 2017 година, во согласност со Законот за празниците на Република Македонија, првиот неработен ден во 2017 година ќе биде 2-ри јануари. Целата листа со сите неработни денови следната година – во продолжение:
За сите граѓани на РМ

1 јануари (недела), Нова година, односно 2 јануари (понеделник) е неработен ден
7 јануари (сабота), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар
17 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар
1 мај (понеделник), Ден на трудот
24 мај (среда) „Св. Кирил и Методиј“ – Ден на сесловенските просветители
25 јуни (недела), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, односно 26 јуни (понеделник) е неработен ден
2 август (среда), Ден на Републиката
8 септември (петок), Ден на независноста
11 октомври (среда), Ден на народното востание,
23 октомври (понеделник), Ден на Македонската револуционерна борба,
8 декември (петок), св. Климент Охридски

За граѓаните од православна вероисповед

6 јануари (петок), Бадник, ден пред Божик
19 јануари (четврток), Богојавление (Водици)
14 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден
2 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден
28 август (понеделник), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)

За граѓаните од католичка вероисповед

17 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден
1 ноември (среда), Празникот на сите светци
25 декември (понеделник), првиот ден на Божик

За граѓаните од муслиманска вероисповед

1 септември (петок), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

22 ноември (среда), Ден на албанската азбука

За граѓаните припадници на српската заедница во РМ

27 јануари (петок), Свети Сава

За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ

8 април (сабота), Меѓународен ден на Ромите

За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ

23 мај (вторник), Национален ден на Власите

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ

30 септември (сабота), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ

28 септември (четврток), Меѓународен ден на Бошњаците

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ

21 декември (четврток), Ден на наставата на турски јазик
Првиот ден на празникот Рамазан Бајрам е во недела на 25., па затоа понеделник (26 јуни) е неработен ден.
Еве уште колку неработни денови н

Пронајдете не на следниве мрежи: