Шлемови кај Античките Македонци

Од целата воена опрема бронзените шлемови се најретко застапен гробен наод, а воедно и најлуксузен и затоа повеќето истражувачи ги истакнуваат. Од целата воена опрема бронзените шлемови се најретко застапен гробен наод, а воедно и најлуксузен и затоа повеќето истражувачи ги истакнуваат. Од некрополите од Охридско-требенишкиот регион досега се откриени голем број на шлемови, осум во Требенишката некропола (во гробовите со реден број I-VIII), еден шлем е откриен во погребување кај с.Делагожда кај Струга, а во неодамнешните археолошки истражувања на Охридската крепост беа пронајдени уште шест бронзени шлемови од локалитетот Горна Порта – Охридска крепост (од гробница 1), додека во некрополата кај Синдос се откриени само пет шлемови. Најголем дел од наведените примероци на шлемови припаѓаат на „грчко-илирскиот“ тип, а само два шлема се од коринтски тип. Пајонските шлемови не се автохтон пронајдок, тие веројатно се прилагоден модел изработуван во работилници на полуостровот Халкидик, кој бил собиралиште на коринтско-халкидските мајстори.
Од горе споменатите примероци на пајонски шлемови се издвојуваат неколку шлемови, еден од некрополата кај Синдос од гроб бр. 21, кој на парагнатидите и на челниот дел има прикачено златни ленти, еден шлем од Горна Порта на кој има релјефно претставени фино уредена фризура во облик на венец, овнови глави во профил на парагнатидите, а на челниот дел стои натписот ΤΕΥΤΙΟΣ ΦΙΛΟΞΕΝΩΣ и шлемот од Требеништа од гроб бр.VIII кој на парагнатидите има претстави на коњаник и кружни златни апликации. Тие се откривани во погребувања на воини припадници на владеачката класа, а нивната големата бројност, пред сѐ на пајонска територија, не наведува да заклучиме дека нивното потекло е локално. Шлемови од пајонски тип се пронајдени и на западниот и централниот дел на Балканскиот полуостров, како увезени предмети, но интересно е да се посочи фактот дека шлемови од овој тип досега не се откриени во Тракија.

Македонски шлем, IV век пред н.е.Најден кај с. Марвинци, Валандовско, Република Македонија.

 
Македонски шлем, VI век пред н.е.Најден кај с. Требеништа, Охридско, Република Македонија.

 
Македонски шлем, VI век п.н.е.Најден кај Прогон, Букри, Битолско, Република МакедонијаОд целата воена опрема бронзените шлемови се најретко застапен гробен наод, а воедно и најлуксузен и затоа повеќето истражувачи ги ист

Пронајдете не на следниве мрежи: