Слеп маж е спасен откако 12 часа бил заробен на лондонскиот облакодер

Маж на возраст од 70 години кој е делумно слеп е спасен од страна на пожарникарите од страшниот пожар во Гренфел Тауер. Мажот чекал 12 часа за да го спасат, пишуваат британските медиуми.Мажот чие име не се споменува, во зградата живеел повеќе од 30 години, а беше забележан како се моли на прозорецот од својот стан на 11. кат.
Досегашниот биланс на загинати е најмалку 12 луѓе.
Според градоначалникот на Лондон Садик Кан, можно е бројот на загинати да се зголеми.

Во инцидентот повредени се 78 луѓе, од кои 18 се во критична состојба.
Гренфел Тауер е изградена во 1974 година со 120 станови. Иако во пожарот изгоре скоро цела, експертите велат дека таа нема да се урне.
 
 Мажот чие име не се споменува, во зградата живеел повеќе од 30 години, а беше забележан како се моли на прозорецот од својот стан на 11. кат.

Пронајдете не на следниве мрежи: