Романија веќе една недела се соочува со вистинска треска од граѓански демонстрациипоради воведената мерка на новата социјал-демократска влада, избрана пред само два месеца, за т.н. „легализирање на корупцијата“. Неколку стотини илјади демонстранти маршираат по улиците на цела Романија во знак на протест против скандалозните законски измени на Кривиччниот законик за декриминализирање на корупцијата во владините и државните органи.Станува збор за најголеми протести што во Романија се организирале од 1989 година кога беше соборен режимот на Чаушески. Со пароли „Крадци!“ и „Оставка“ веќе една недела романците се на улица протестирајќи против законските измени. Демонстрациите имаат за цел повлекување на скандалозните законски решенијапреку кои романската влада одлучи да се изврши декриминализација на одредени коруптивни дела, односно во иднина затворската казнада може да се изрекува само за сторени коруптивни дела чија што вредност изнесува над 44.000 евра. Романската социјалдемократска влада која дојде на власт по изборите на 11. декември 2016 година, меѓу првите работи со кои се зафати етокму носењето на овие законски решенија. Атмосферата меѓу демонстрантите посебно се вжешти кога министерот за правда, Флорин Јордаче,на својот фејсбук профил напиша „дека нема ништо тајно, незаконско и неморално“ во оваа владина одлука. Владата на Романија тврди дека оваа мерка се презема поради усогласување на Кривичниот законик со Уставот на земјата.
Сепак, критиките упатени кон неа се најмногу поради обидот на актуелната влада да го заштити лидерот на Социјал-демократите, за кој во моментов се води постапка поради покренати обвиненија дека ја злоупотребил власта, но и поради судските постапки кои се водат за уште неколку други левоориентирани политичари. Драгнеа е веќе тргнат од службата поради изречена двегодишна условна затворска казна за сторени изборни нерегуларности. Според предметот што го води судот неговата злоупотреба на власта е поради даден поткуп од 24.000 евра за изборни цели. Втората иницијатива поради која демонстрациите уште повеќе се вжештија е онаа на премиерот Сорин Гриндеану која ја поднесе до парламентот, а која се однесува на амнестирање околу 2500 луѓе кои се на одслужување на затворска казна помала од 5 години поради сторени ненасилни казниви дела, а кои според предлогот треба да бидат пуштени на слобода. Според владата, со овие иницијативи треба да се намали пренатрпаноста на затворите во Романија, иако критичарите велат дека повторно главни корисници на оваа мерка ќе бидат многу државни службеници и политичари вклучени во организирани и големи коруптивни активности во земјата. Протестот против овие коруптивни скандали има историја во Романија кога во 2015 година тогашниот премиер Виктор Понта беше на судење поради повреди на одредбите на законот за даночни обврски и перење на пари.
Во врска со протестите со соопштение се јавија и бирократите во ЕУ во кое се вели дека „Борбата против корупцијата во Романија треба да биде засилена, а не стопирана“. Претседателот на десничарската партија Клаус Јоанис избран во 2014 година како резултат на острите критики против Драгнеа, излезе во јавноста со став дека станува збор за „скандалозна“ одлука при што го повика Уставниот суд да реагира по неа. И двете законски измени кои се веќе објавени во службен весник се соочија со бројни критики што пристигнуваат секојдневно не само од граѓаните, туку и од страна на Главниот јавен обвинител на Романија, шефот на актикорупциската комисија, како и од претседателот на Врховниот суд.
И претседателот на државата силно се спротивстави на овие мерки. Уставниот суд веќе донесе свој предлог за надминување на состојбата и ја задолжи владата, парламентот и магистратите во земјата до 7. февруари да му достават на Судот аргументи за донесените законски измени. Судот во рок од 20 дена од денот на добивањето на документите треба да одржи седница и да се произнесе по(не)уставноста на законските измени. Ако Судот не ги блокира законските измени, тие стапуваат на сила 10 дена по нивното усвојување. Иако социјал-демократската влада на Романија која што е избрана пред само два месеца рече дека овие законски измени имаат за цел да го усогласат Кривичниот законик со Уставот на земјата, како реформа која беше предложена од претходната влада, сепак критиките не стивнуваат, и истите велат дека „амнестијата“ на политичаарите и на добро поврзаните државни службеници со власта, кои Судот ги прогласи за виновни,нема да донесе ништо добро за земјата. Романија се соочува со ендемски вид корупција од падот на комунизмот, така што предложените законски измени од страна на ромаците се гледаат како обид за бришење на сите досегашни владини напори за борба против корупцијата.
Демонстрациите ја фрлија Романија во голема политичка криза на која и се придружија и претседателот на државата Клаус Јоанис, како и службениците во антикорупциската комисија во знак на поддршка на демонстрантите. Флорин Јиану министер за трговија и бизнис поднесе оставка во четвртокот, додека министерот за правда Флорин Јордаче му ги пренесе обврските на својот заменик додека траат нередите. Како натаму ќе се одвива политичката ситуација во Романија никој не знае, но поентата на моето претходно елаборирање на настаните во Романија е со цел да направимеспоредба на нашите состојби со романските.
Во Република Македонија имаме оформено неколку предмети за изборен поткуп, но и евидентирани бројни докази од терен за сторени изборни нерегуларности на изборите одржани на 11.декември. Бројните докази одат во насока на докажување дека на изборите што поминаа се вршел масовен поткуп на гласачи поради изборни цели, се делеле пари, дрва, и други користи на гласачите со цел добивање на глас повеќе во полза, или на контото на СДСМ. Овие докази се веќе во постапка на институционална разработка така што многу од нештата ќе станат појасни кога ќе излезат и конкретни обвиненија од Јавното обвинителство за организиран криминал. Кај нас, за разлика од Романија, постои тенденција на давање „амнестија“ од страна на јавни обвинители (СЈО) на високи политички функционери. Случајот со „Пуч“ ја потврди оваа теза. Додека во Романија „амнестијата“ на одредени политичари доаѓа од политичките институции кои се под диригентската палка на партијата на власт, кај нас дел од јавнообвинителскиот систем (СЈО), оној противуставниот, се става во функција на заштита на одредени политичари од кривична одговорност за сторени и докажани казниви дела. И додека во Романија спасот за кривичната одговорност се бара во полугите на власта, во Република Македонија, спасители на политичарите (Заев) се специјалните јавни обвинителки кои гордо го „амнестираат“ од секое сторено казниво дело, иако доказите против него декасторил криминал се видливи со голо око дури од Романија. За разлика од Романија каде половина милион луѓе се најдоа на улиците во одбрана на правдата и законите, кај нас сите си молчат. Посебно интересно е што молчат „шарените правдољубци“ кои не можевме да ги тргнеме од улиците кога требаше да и служат на агендата на СДСМ. Сега, кога нивниот лидер е во прашање, сите се напикаа во глувчешките дупки, ни глас ни бутур за правда и право. Чекајќи ја новата влада зафатени се во разно-разните комбинаторики кој во кој ресор да се смести. Батали правда. Кој видел аир од неа.Станува збор за најголеми протести што во Романија се организирале од 1989 година кога беше соборен режимот на Чаушески. Со пароли „Крадци!&l