Фрлете поглед на овие сликички, изберете ја онаа која најмногу ќе ви привлече внимание и откријте нешто за вашата личност!Овој еноставен, симпатичен и прецизен тест на личноста готов е за 30 секунди, и лесно ќе ви открие какви сте всушност. Кажете ни – има ли вистина?
1. Вие сте генијалец: Имате имате брилијантна и префинета личност. По малку сте резервирани кон луѓето. Брзо размислувате и имате развиено неверојатна интелигенција – можете да решите било каква сложувалка, загонетка и сл. Често ги нервирате останатите со дискусии кои ги почнувате, и обично имате потполно поинакво мислење од останатите. Спокојството и удобноста ви се многу важни.
2. Независни сте: Вие сте една среќна душа која скоро никогаш не бара помош од останатите. Воглавно сте високо позиционирани во друштвото и успешни сте. Низ животот ве води логиката, а на животот гледате како на стратегиска игра. Сакате да бидете сами и да зависите само од себе. Полни сте со самоконтрола и сакате да ги држите конците во свои раце.
3. Вие сте шармер: Цврсто стоите на земја, модерни сте и имате слободен дух. Иновативни сте, па често обичните работи ги правите невообичаени. Импулсивни сте и за вас секој ден е нова авантура. Меѓутоа сите ваши постапки имаат некоја скриена цел, а неретко вашето однесување ја шокира околината.
4.Оптимисти: Имате „женска“ душа, мирна. Секогаш ги забележувате позитивните работи, па дури и кога сте загрижени, тоа го правите со насмевка. Секогаш имате насмевка и љубов за другите. Интелигентни сте и грижливи, понекогаш и срамежливи, иако срамот не може да се забележи веднаш кај вас, бидејќи сте премногу забавни.
5.Никој не ве заборава: Храбри сте, вашата личност е впечатлива и атрактивна. Тешките задачи во животот ги решавате лесно и со голема страст. Сепак, не заборавате дека вашата најголема страственост во животот има и своја мрачна страна- понекогаш знаете да бидете безкрупулозни. Оставате силен впечаток на околината, и привлекувате сечие внимание.
6. Сигурни сте: Љубезни сте, имате благодарна природа и сакате да се грижите за другите. Му помагате на секој кому му е потребна помош, добро чувате тајни и луѓето главно имаат доверба во вас. Мистериозни сте. Умеете да балансирате помеѓу две „скарани“ страни, и со себе секогаш носите аура на хармонија.
7. Мудри сте: Свртени сте кон мудроста и духовноста. Достојни сте. Секогаш тежнеете кон самоподобрување. Сакате добри книги и кога и да можете учите нешто ново. Имате филозофски размислувања, сакате малите работи да ги спојувате во голема слика на животот.
8.Чудни сте: Популарни сте, доверливи и добро ги проценувате луѓето и работите. Имате многу мисли, но често знаете да бидете меланхолични. Креативни сте и изразити, а работите често ги правите на свој начин. Никогаш не заборавате да им покажете на луѓето колку сте чудни.
9. Чисти сте: Прилагодливи сте, чисти и полни до доблести. Лесно се вклопувате и се сложувате со околината. Иако на прв поглед делувате како срамежлива личност, всушност вие сте многу отворени кон луѓето кои ги познават. Добро знаете кој сте и што сте, верувате во себе и одличен судија сте. Затоа луѓето често ви се обраќаат за совет или мислење.Овој еноставен, симпатичен и прецизен тест на личноста готов е за 30 секунди, и лесно ќе ви открие какви сте всушност. Кажете ни – има ли вис



