Сигурно сте го виделе Сем Гринер. Веројатно поради него и сте се насмевнале. Тој е „success kid“, или момче кое успеало и неговата поза стана вистински хит на интернет. Зад нејзе не се крие повеќе радост. Напротив.Момчето кое како бебе стана вистински симбол на среќа сега има 8 години. И тој ја сподели совојата тага.
Неговата мајка Лејни Гринер вели дека чуената фотографија настанала токму пред Сем да проба да го проголта песокот од раката. Тие сега се обидуваат да ја искористат неговата слава бидејќи дознале дека на татко му на Сем му е потребен бубрег или ќе умре. Потребни им се 75.000 долари само за трансплатација.
„И неговата мајка почина од таа болест, ве молиме да ни помогнете и нему да не му се случи истото, тој и неговиот син да имаат иднина“, пишува на страницата за собирање донации.
Татко му на Сем оди по 4 часа дневно на дијализа. Малиот сега се труди да му го олесни тоа.
Инаку, сликата на Сем стана позната во 2007 година а во 2010 доживеа планетарна слава.
Мајката вели дека не сакала да го експонира синот, но прави се што може да му помогне на неговиот татко.
Момчето кое како бебе стана вистински симбол на среќа сега има 8 години. И тој ја сподели совојата тага.



