Слободен или Платен печат:Стотици илјади евра во оптек!

Loading...

Во медиумската кавга што се води помеѓу уредникот на интернет порталот Мактел, Саше Ивановски Политико и уредникот на порталот Плусинфо, Бранко Геровски се повеќе се изнесуваат информации кои ја покажуваат вистинската улога на медиумите блиски до СДСМ.
 
 
 -Малку му се на Грујо и талибанците сите медиуми електронски и пишани па уште фали и опозициски портал како што е Плусинфо во кој Сорос има инвестирано сигурно стотици илјади евра да ги пренесува лагите на пастирот без притоа да објанси на јавноста за што станува збор?! Па добро бе Геро за кој курац те ставивме да раководиш опозициски мадиуми па вака може и баба ми бре човек, напиша Ивановски.
 Во својот последен текст на Мактел, Саше Политико повторно обзнани дека порталот Плусинфо е финансиран од фондацијата Сорос со цел да ја критикува оваа Влада.  Имено, Саше Политико спомнува суми од стотици илјади евра кои ги добивал Плусинфо. Сега кога на повидок е нов печатен медиум во кој главен уредник е токму Бранко Геровски, се поочигледно е дека и овој нов медиум ќе биде финансиран токму од фондацијата Сорос, ќе ја критикува Владата по секоја цена, а ќе дава безрезервна поддршка на СДСМ.
 -Тоа е тоа, ај сега марш на спиење, имаш весник за праење, треба да се тепаат талибанците не си губи енергија со мене, не биди копук! Пари ти се дадени искористи ги максимално да нанесеш што поголема штета на Грујовата банда… напиша Ивановски.
 Иако, името на новиот печатен медиум Слободен печат кој што треба да асоцира на борба за независно и објективно новинарство сепак не е така. Саше Политико чиj медиум исто така е финансиран од Сорос и обелодени на јавноста и го потсети Геровски дека му биле дадени пари за весникот и да седне да работи, а не да се расправа со него. Тука веќе повеќе од јасно е дека воопшто не станува збор ниту за слободен, ниту за независен печат, туку за платен печат. И тоа платен печат со јасна политичка цел, а не за некакво независно и објективно новинарство.
 Исто така, несфатлива е и скромната цена од 5 денари на овој нов печатен весник која отвора сомнежи дека финансискиот столб на овој весник нема да се потпира на потрошувачката на весникот туку на средствата од фондацијата Сорос како што кажа Саше Политико.
 Дали можеби ова е некоја порака од актуелното раководство на СДСМ до новинарот Бранко Героски, а Саше Политико е само “пренесувачот” на пораката, останува да видиме.
 
 -Малку му се на Грујо и талибанците сите медиуми електронски и пишани па уште фали и опозициски портал како што е Плус

loading...
Loading...