Слободно пијте ја секојдневно: Газираната вода не дебелее!

Оние кои не сакаат да пијат обична вода, најчесто си купуваат газирана вода за која многумина би рекле дека и те како штети на здравјето.Газираната вода има меурчиња како резултат на поголемата количина на јаглероден диоксид, но подеднакво ја гаси жедта и хидрира како и обичната вода.
Општо познато е дека не е добра за коските и забите
Јаглеродната киселина која настанува при спојувањето на водата и јаглеродниот диоксид може да ја уништи забната глеѓ кога се консумира во многу големи количини. Бидете мирни, убавата насмевка нема да ви биде загрозена освен ако не пиете енормни количини на дневна база. Едно истражување кое имало за цел да открие дали минералната вода ја намалува густината на коските кај жените, не открива поврзаност.
Општо познато е дека дебелее
Факт е дека моментално со голтање на меурчињата можеме да се чувствуваме подуено, но долгорочно, газираната вода ќе ве спречи да јадете преголеми количини, ќе ве направи многу посити од обичната вода, посебно ако ја пиете на празен желудник.
Велат дека предизвикува ждригавица
Ова не е точно. Газираната вода не може да го предизвика овој рефлекс. Ако сте склони кон ждригање тогаш многу подобро е да пиете обична вода, посебно додека јадете. Научните истражувања покажале дека меурчињата можат моментално да ја влошат состојбата, но само ако сте склони кон ждригање.Газираната вода има меурчиња како резултат на поголемата количина на јаглероден диоксид, но подеднакво ја гаси жедта и хидрира како и обичната вода

Пронајдете не на следниве мрежи: