Словачка бира претседател!

Во Словачка 15 кандидати во трка за претседателДенес во Словачка се одржуваат претседателски избори на кои фаворит е актуелниот словачки премиер Роберт Фицо од Правец – Социјална демократија (Смер-СД) партија.
Според анкетите, премиерот Фицо ужива поддршка на 35 отсто од гласачите, но во вториот круг се очекува да се пласира и милионерот Андреј Кишка, како независен кандидат. Доколку Фицо победи, неговата партија истовремено ќе ги контролира функциите шеф на државата, претседател на Парламентот и премиер, што не се случило од прогалсувањето на независноста на Словечка во 1993 година.
Кишка (51) е нов во политиката и истиот ја има поддршката од околу 24 отсто од избирачите.
Новиот претседател ќе положи заклетва на 15 јуни, кога истекува вториот мандат на сегашниот шеф на државата Иван Гашпарович.
Во претседателската трка учествуваат и актерот Милан Књажко, од „Нежната револуција“ од 1989 година,  младиот и амбициозен адвокат Радослав Прохазка и поранешниот лидер на демохристијаните во Парламентот, Павол Хрушовски.
Доколку ниту еден кандидат не освои повеќе од 50 отсто од гласовите, вториот ќе се одржи на 29 март.Денес во Словачка се одржуваат претседателски избори на кои фаворит е актуелниот словачки премиер Роберт Фицо од Правец – Социјална демократи

Пронајдете не на следниве мрежи: