Словенија со бодликава жица и кучиња ги брка мигрантите

На воз со 1.800 бегалци кој тргна од хрватскиот град Чаковец кон словенечкото место Средишќе об Драви, не му беше дозволен влез во Словенија, а бегалците, кои пеш го продолжија патот кон границата беа спречени да влезат со ограда од бодликава жица и од словенечката полиција со кучиња, пренесе Хина.- Со оглед на тоа што меѓу хрватските и словенечките власти не беше постигнат договор за влез на возот во Словенија, одлучено е возот, кој тргнал синоќа околу два часот по полноќ да биде запрен на последната станица во Хрватска, во Мацинец, а остатокот од патот бегалците го продолжиле пеш, јави Хина.
Иако на патниците во возот им била понудена можност да побараат азил и да останат во Хрватска, сите го продолжиле патот пеш, по шините, пренесе МИА.
Словенечката полиција го дочекала приливот на бегалци со ограда од бодликава жица и кучиња и не ги пуштила на словенечка територија.
Бегалците од железничкиот премин се насочени кон околниот патен премин Трновец, но ни таму не им бил дозволен влез во Словенија.- Со оглед на тоа што меѓу хрватските и словенечките власти не беше постигнат договор за влез на возот во Словенија, одлучено е возот, кој тргнал с

Пронајдете не на следниве мрежи: