Јужноафриканската полицијата пронајде во домот на параолимпиецот со две ампутирани нозе Оскар Писториус, кој е обвинет за убиство на својата девојка познатиот модел Рив Стинкамп, стероиди покрај дрвата палка за крикет која ја пронајде во неделата.Дел од јужноафриканските медиуми сметаат дека 26-годишниот шесткратен параолимписки победник, „Блејд Ранер“, како што го нарекуваат откако се појави лани на Олимписките игри во Лондон 2012 во конкуренција на телесно здравите спортисти, можеби во напад на гнев и под влијание на недозволени стимуланси со палката ја нападнал несреќната 30-годишна Стинкамп.Извор близок на истрагата изјавил за медиумите дека убиената девојка, освен прострелните раби имала и тешки повреди на главата. Засега сé уште не е познато чија е крвта на палката за крикет.Јужно африканските медиуми пишуваат дека полицијата разгледува неколку претпоставки, дека Писториус својата вереничка ја нападнал со палката за крикет или дека со палката за крикет се обидувал да ја разбие вратата од бањата во која се заклучила Стинкамп. Исто така, се сомнева дека можеби девојката се обидувала да се одбрани со помош на палката.Против првиот спортист со ампутација, и тоа на двете нозе, која настапил во историјата на Олимписките игри и тоа на 400 метри пласирајќи се во полуфиналето, полицијата покрена обвинение и ќе остане во притвор до вторник кога е закажано ново сослушување.По неколку денови молк, се огласи и семејството на убиената девојка. Нејзината мајка Џун Стинкамп во емотивниот разговор за весникот The Times бара одговори на прашањата кои ги интересираат сите.„Зошто ја убил, зошто? Што се случило? Зошто го нема веќе моето малечко девојченце? Во една секунда згасна нејзиниот живот. Сите сме скршени. Живееме ден за ден. Таа беше најсилната во нашето семејство, а сега веќе ја нема“, рече за весникот мајката на Рив Стинкамп.
МакфаксЈужноафриканската полицијата пронајде во домот на параолимпиецот со две ампутирани нозе Оскар Писториус, кој е о