Случајно или не, Џон Кери направи мајмун од Обама

Неверојатен пресврт се случи во американската планирана воена операција против Сирија по она што многумина го сметаат за гаф на државниот секретар Џон Kери, кој одговарајќи на хипотетско прашање, за само неколку часа целосно ја сврти наопаку американската надворешна политика, по што претседателот Барак Обама, наместо воен напад, најави дипломатско решение.Kери на заедничка прес-конференција со британскиот министер за надворешни работи Вилијам Хејг доби прашање дали има начин сирискиот диктатор Башар ал Асад да избегне воен напад.
– Секако, ако Асад го предаде секое хемиско оружје на меѓународната заедница следната недела, и тоа без одложување, и ако дозволи целосен увид. Но, тој нема да го стори тоа и тоа нема да се случи – изјави Kери.
Одличен маневар на Русите…
Неколку часа подоцна рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ја преточи изјавата на Kери во конкретен предлог за својот гостин во Москва, сирискиот министер за надворешни работи Валид ал Моалем, кој уште побргу позитивно се изјасни за неа. Стејт департментот презеде чекор без преседан и портпаролката Мери Харф го демантира својот претпоставен тврдејќи дека изјавата на Kери била реторичка, на што и новинарите реагирале со потсмев.
– Белки не велите дека секретарот навлегува во хипотетски шпекулации – возвратил новинарот на „Асошиетед прес“, Мет Ли.
Стејт департментот малку подоцна извести дека Kери се слушнал телефонски со Лавров за да му објасни дека изјавата не била сериозен предлог, туку негово размислување. Но, веќе било доцна.
Хилари Kлинтон прва ~ се обрати на јавноста со изјава со која практично го прифати рускиот предлог.
– Ако режимот во Сирија веднаш ги предаде под меѓународна контрола своите резерви со хемиско оружје, како што предложија секретарот Kери и Русите, тоа би било важен чекор – изјави Kлинтон.
До вечерта и Обама ја прифати можноста што му нуди да избегне воен напад врз Сирија, но и да се вклучи во долготраен процес на лоцирање на сириското хемиско оружје и преговори во ОН додека војната беснее во Сирија.
Сега засега се е стопирано – конгресот го одложи гласањето, прес тимот на Обама сопре со интезивната кампања за убедување на јавноста зошто е потребна војна со Сирија. Аналитичарите велат ова беше одличен потег од Русија која го искористи како неа и одговара она што го кажа Кери.
mkd-news.comKери на заедничка прес-конференција со британскиот министер за надворешни работи Вилијам Хејг доби прашање дали има начин сирискиот диктатор Башар

Пронајдете не на следниве мрежи: