Експертот од „Ериксон“, од кого зависи конечното извршување на судските наредби за постапувањето на СЈО во МВР пристигна во земјава.Според информациите кои ги објави Журнал, случајно или не, експертот е од Италија. Неофицијално, СЈО директно контактирале и договарале со „Ериксон“ кој експерт да дојде во Македонија.
-Пристигнувањето на експертот од шведската телекомуникациска компанија доаѓа откако претставниците на СЈО ја увидоа грешката која ја направија со упадот во УБК и соочени со аргументите ги прифатија сугестиите на професионалците од УБК, повикувајќи ги систем инженерите на Ериксон комуникации – Македонија, кои се единствено овластени да влезат во системот и да ги обезбедат информациите кои што ги бара СЈО. Систем инженерите на „Ериксон“ во Македонија известија дека нивото на нивна обученост не овозможува постапување по барањата наведени во судската наредба, односно дека за таков вид на пребарувања е потребен ангажман на систем инженери со повисоко ниво на знаење. Предлогот од страна на компанијата беше таков експерт да се повика од централата на Ериксон, пишува порталот.
Јавноста го памети писмото на опозицискиот лидер Зоран Заев испратено до Зоран Верушевски што беше запленето во „Пуч“, а во кое што тој кажуваше дека бил во контакт со една странска амбасада за да му обезбеди дозвола за работа.
-Работата која ја чекавме од пријателите од надвор … е завршена. Сите детали се прецизирани. Многу сум среќен поради тоа, затоа што и амбасадорот, но и јас вклучив многу високи познаници од партијата на премиерот, се вели во писмото на Заев до Верушевски.
-Наводната инволвираност на италијанската дипломатија и тајната служба во обидот за државен удар во Македонија, конекцијата со поранешниот прв разузнавач, првоосомничениот во случајот „Пуч“, Зоран Верушевски, како и сите хронолошки фази од политичката криза во Македонија, беа предмет на анализата од петнаесет страници објавена пред неколку месеци на интернет-порталот „Balkanalysis.com“, посветена на случувањата изминатата една и пол година.
Според анализата, италијанската Агенција за надворешно разузнавање и безбедност (АИСЕ) е меѓу странските служби што поминаа најлошо во поглед на компромитирањето, а перцепцијата оти амбасадорот Ернесто Масимо Белели и лидерот на СДСМ, Зоран Заев, соработувале за време на обидот за државен удар е длабоко вкоренета дури и во главите на децата на улица, стои во анализата.
Според авторите на обемната анализа, Италија можеби и не би била вмешана во обидот за државен удар да не беа два клучни момента:
– Прво, во рамките на т.н. чадор на западната дипломатија во Македонија, на Италија традиционално и е доделена улогата на покривање на СДСМ. Што се однесува до клучниот играч, ова е поврзано со шефот на контраразузнавачката агенција ДБK во времето на СДСМ, Зоран Верушевски, кој работел во македонската амбасада во Рим од 2007 до 2010 година – забележуваат двајцата новинари.
-Но, она што дефинитивно ги натерало да оценат дека нешто чкрипи во однос на релацијата со Верушевски е моментот кога тој сакал да се информира за условите за добивање виза за престој во Италија пред да биде уапсен во јануари 2015 година. Според авторите, се чини неверојатно дека во какви и да е услови Верушевски – лице со претходно искуство во Италија и со врски на високо ниво – би морал лично да дојде во амбасадата за информации за виза, пишува Журнал.Според информациите кои ги објави Журнал, случајно или не, експертот е од Италија. Неофицијално, СЈО директно контактирале и договарале