Еден маж раскажал за тоа како еден подарок му го спасил бракот и им одржал лекција на сите мажи.Кога неговиот брак се нашол во криза се сетил на совет од неговиот дедо дека „глупавите мажи со глупости минуваат“ и одлучил да се обиде нешто неверојатно.
„Јас и мојата сопруга бевме во среќен брак веќе 20 години. По третото дете некако се запоставивме самите себеси. Луѓе, што три породувања можат да му сторат на женското тело е ужас. Тоа да им се случува на мажите, сигурен сум дека одамна би изумреле како вид бидејќи не сум сигурен дека би успеал да го издржам тоа. Мојот момент на будење се случи пред 7 години додека јас вежбав и трчав до изнемоштеност, а таа беше потполно незаинтересирана.
Не сакаше да оди на базен со мене и со децата бидејќи се плашеше дека ќе ја исмејуваат и како мене ќе ми зборуваат дека јас заслужувам подобра жена. Пред пет години таа посака пижама за божиќ. Знаев што сака и се искрадов еден ден да одам да ѝ купам подарок. Отидов во продавница и дури тогаш сфатив дека не знам која величина носи. Ги најдов оние кои мислев дека ќе ѝ се допаднат и купив некој број.
Дојде денот на отворање на подароците. Веднаш ѝ се допадна дезенот, но кога ја виде величината ѝ се смени изразот на лицето. Ме праша дали навистина мислам дека го носи тој број, на што јас ѝ одговорив дека малку ослабела и дека сметав дека ќе ѝ прилега бројот. Пријде и со солзи во очите ми се заблагодари што јас така ја гледам.
Никогаш не го замени тој број пижами. Наместо тоа почна да вежба и да се храни здраво и сега пет години подоцна изгледа проклето добро. Толку добро што просто заслужува подобар маж од мене. Често вели дека сака да изгледа толку добро колку што нејзиниот сопруг мисли дека таа добро изгледа. Сега оди на базен во дводелни бикини кои порано не можеше да ги смисли и е многу среќна“, раскажал среќниот сопруг.Кога неговиот брак се нашол во криза се сетил на совет од неговиот дедо дека „глупавите мажи со глупости



