Бетси Ајала од Хјустон, Тексас, ја зголемила тежината за 30 килограми по породувањето во 2013 година. Шест месеци подоцна таа открила дека нејзиниот сопруг има љубовница, и ги нашла нивните пораки во кои ја нарекуваат со погрдни имиња исмевајќи ја нејзината тежина.Нејзиниот сопруг и љубовницата ја нарекувале Бетси – дебела крава! Но таа не паднала во очај поради тоа, туку решила нешто да преземе. Побарала поддршка од нејзината сестра и ги заменила чоколадите со зеленчук, почнала да вежба. Денеска со 45 килограми помалку, смета дека неверството на сопругот за неа било благослов!
– Во тоа време бев изгубена. Не знаев што да правам со себе. Имав 118 килограми и шестмесечно бебе и се на што работев и за што се трудев едноставно – исчезна. Сега искрено мислам дека неговото неверство е благослов бидејќи ако не се случеше, јас ќе останев таква засекогаш. Сега имам втора шанса, нов почеток. Решив мојата ќерка да се гордее со својата мајка и да бидам пример за неа – вели 34 годишната Бетси, маркетинг – менаџер.
– Кога се роди детето навистина бев во тешка ситуација, бев во депресија и качив 30 килограми. Во септември почнав со диета, а околу Божиќ дознав дека мојот сопруг има врска со колешка. Со него бев од 17 години и навистина му бев посветена. На Фејсбук пронајдов пораки кои си ги праќале а во кои ме нарекуваат дебела крава. Навистина бев уништена.Светот ми се урна. Тој мене секогаш ми велеше дека изгледам убаво и ме охрабруваше да јадам брза храна, но мислел друго. Дури како да сакал да изгледам така!
Бетси почнала со здрава храна и вежбање во теретана 6 дена во неделата. Се развела од неверниот сопруг и вели дека е среќна.
– Јас сум нова личност. Позитивна и среќна. Никогаш претходно не сум била задоволна. Сега со екс сопругот сме дури и во добри односи. Јас сфатив дека тоа што тој го направи не е поради мене туку поради него. Мојот долг пат ми помогна да го сфатам тоа – вели Бетси.Нејзиниот сопруг и љубовницата ја нарекувале Бетси – дебела крава! Но таа не паднала во очај поради тоа, туку решила нешто да преземе. Побара