Слушнете ги комитските песни од сите краишта на Македонија!

Пред да ви го претставиме сајтот за чија содржина е наменет овој текст, би сакале да ве запознаеме со потеклото на борбените песни и комитите како борци за Македонија.Комитско-револуционерните песни, прикажани на сајтот https://www.1903.musicofmacedonia.com се опеани пред и по периодот на Илинденското востание.
Револуционерните обиди на македонскиот народ со оружје да извојува национално-политичка слобода, најдоа свој одраз и во народната поезија.
Илинденската епопеја е опеана во народното творештво во повеќе македонски градови. Овој факт е природна последица на единственоста на ослободителните цели и обиди на народот на македонската територија, како и на силните и впечатливи чувства на сите Македонци пред и по илинденската борба, да се испеат случувањета во текот на борбата, но и трагичниот крај на Востанието и Крушевската република.
Народната песна се јавува како најпопуларен и најобичен показ и сведоштво, со кое не можат да се споредуваат другите аргументи во истата насока.
Документарната сила на народниот стих е достојна за почит, покрај високите естетско-уметнички вредности што восхитуваат и кои се прв услов за да може песната, односно стихот, да ја изврши својата општествено-патриотска функција.
На сајтот можете да пронајдете 90 комитски песни од сите краишта на Македонија, оригинални знамиња, симболи и фотографии. Овој сајт ќе ве врати во времето на борците, непоколебливата желба за слобода и борба за Македонија.
Уживајте низ патувањето во историјата и слушнете ги песните на храбрите комити на сајтот: https://www.1903.musicofmacedonia.com/Комитско-револуционерните песни, прикажани на сајтот https://www.1903.musico

Пронајдете не на следниве мрежи: