Новиот LG G2 – повеќе од паметен телефон…5.2” екран што воодушевува!
5.2-инчниот Full HD IPS екран на новиот LG G2, Ви овозможува совршено визуелно искуство. Овој неверојатен кристално чист екран е богат со живи бои, остра текстура и high-definition детали. Со неговиот 16:9 формат, Вие дефинитивно ќе се чувствувате како да сте во кино. Богатата резолуција со густина од 423 пиксели на еден инч ги доловува и најситните детали и нуди живописни бои што ќе Ве изненадат. Едноставно, нема да сакате да го оттргнете погледот од екранот. Каква и да е содржината што ја гледате – емисија за природа во Full HD, видео од огномет или портрет од Вашите најмили сликан на јасно и чисто небо – сликата е совршена!
13 MP – и сè е HD!
Вашите слики и видеа никогаш не биле појасни и подобри! Камерата со резолуција од 13MP ќе Ви овозможи да сликате што и да посакате – и да се гордеете со Вашите фотографии и видеа снимени во 1080p Full HD. Со новата Optical Image Stabilizer технологија на LG G2, повеќе не мора да внимавате дали Ви затреперила раката додека снимате или фотографирате. Оваа функција на камерата се покажува одлична и при ноќно фотографирање. Освен тоа, LG G2 има можност и за брзо автоматско фокусирање на дури 9 лица или објекти во движење, а функцијата Super Resolution Ви дозволува да зумирате без какви било загуби во квалитетот. На овој начин ќе добиете остри слики со 8 пати поголем зум од вообичаениот.
Audio Zoom, за да се фокусирате на секој звук!
Ова е навистина одлична функција за сите оние што бараат звук до перфекција! Со LG G2 имате можност да го подобрите самиот квалитет на аудиозаписот, преку т.н. „зумирање“ на одреден објект или на звукот што доаѓа од тој објект, кој на тој начин доаѓа во преден план. Тоа LG G2 го постигнува преку три стерео микрофони што се фокусираат на еден конкретен звук и го засилуваат. Околината повеќе не мора да Ви го одвлекува вниманието, функцијата Audio Zoom Ви овозможува да се концентрирате на звуците што Вие сакате да ги слушате!
Plug&Pop знае што треба со Вашата музика
Сакате да слушате музика? Вклучете ги слушалките и Вашиот LG G2 веднаш интуитивно ќе препознае кои апликации сакате да ги активирате. Истото се случува и кога сакате да го синхронизирате Вашиот LG G2 со компјутерот. Едноставно, приклучете го USB кабелот, и повторно, Вашиот LG G2 ќе ги прикаже апликациите што ги користи USB кабелот за да можете побрзо да им пристапите на Вашите омилени содржини.
KnockOn за да го разбудите LG G2 во секое време
Само „чукнете“ и телефонот се буди! Вашиот LG G2 ги препознава Вашите движења и е подготвен за користење со едноставно притискање двапати на екранот. Оваа функција е одлична кога сте зафатени со носење кеси од шопинг, на пример, затоа што LG G2 Ве следи во секое движење и Ви овозможува да бидете брзи и ефективни во секоја ситуација.
Guest Mode
Персонализирајте го Вашиот интерфејс
Со функцијата Guest Mode, Вие одлучувате кои апликации и опции на телефонот Ви се достапни само Вам, а кои на сите оние што дополнително го користат Вашиот LG G2. Оваа опција Ви дозволува да креирате различни шифри на отклучување на телефонот за различни профили на користење. Повеќе нема да се грижите за тоа дали Вашиот LG G2 ќе „заврши“ во рацете на Вашето дете или пријател!
Text Link:
Зачувајте ги сите информации во Вашите пораки или во е-поштата
Добивате информации во Вашите пораки или во е-поштата? Се обидувате да ги запаметите, па потоа да ги зачувате? Нема потреба од сето тоа – Вашиот LG G2 доаѓа со функцијата Text link, со која можете да пренесувате дел од текстот од една апликација во друга! Така ќе можете да зачувате настани во Вашиот календар, да пребарувате на интернет или да најдете локација на карта, директно од порака или од е-пошта.
Снимајте и пред и зад камерата
Бидете во видеото и кога сте зад камерата! Со опцијата Dual Recording/Dual Camera можете да ги вклучите и предната и задната камера во исто време. Оваа опција Ви овозможува да се најдете и во фотографиите што ги сликате и во видеоклиповите што ги снимате!
Зум за креативни видеа!
Вашиот LG G2 Ви дава можност да сте креативни. Функцијата Tracking Zoom Ви овозможува да зумирате одреден предмет што е во движење и да фокусирате на него без да ја изгубите целосната слика. Одбраниот предмет ќе биде прикажан во посебна рамка во која ќе бидат нагласени неговите движења, а остатокот од сцената ќе остане непроменет. На овој начин ќе можете да снимате уникатни видеоклипови со слика-во-слика!
Забавна видеоинтеракција со Вашиот LG G2
Со опцијата Zoom to Track можете да гледате видеоклипови на интерактивен начин. Одберете објект во видеото кој се движи и зумирајте на него. Со оваа опција ќе се чувствувате како да се наоѓате зад камерата и снимате – дури и откако сте го снимиле клипот!5.2” екран што воодушевува!
5.2-инчниот Full HD IPS екран на новиот LG G2, Ви овозможува совршено визуелно искуство.