СМИР со реакција до Чомовски: Македонците со исламска религија не се малцинство, туку народ во својата држава Македонија!

Сојузот на Македонците со исламска религија (СМИР) изразува огорченост од емисијата Топ-тема од 23 мај 2016 година на тема „Кој и како ги купува гласовите на помалите етнички заедници“ на новинарот Александар Чомовски на ТВ ТЕЛМА, затоа што Македонците со исламска религија ги нарекува посебна етничка заедница „Торбеши“.СМИР бара Александар Чомовски да се извини на македонскиот народ поради дрскоста за распродажбата на македонските национални интереси и крчмењето со Македонскиот народ, посебно да се извини на покојниот Нијази Лиманоски и на десетици илјади Македонци со исламска религија за искажаните навреди, клевети и лаги во неговата емисија Топ-тема!
СМИР потсетува дека Македонците со исламска религија, како и Македонците со христијанска религија, се неотуѓив и нераскинлив дел од Македонскиот народ! Македонците со исламска религија не се етничко малцинство ниту посебна етничка заедница, туку припадници на Македонскиот народ во сопствената држава Македонија, чиј мајчин јазик е македонскиот!
СМИР од секоја влада бара унапредување на положбата и правата и развој во местата каде што живеат овие Македонци, но никако како посебна малцинска етничка заедница, бидејќи ние сме народ!
СМИР ги осудува обидите за асимилација или денационализација на Македонците со исламска религија во Албанци, Турци или Бошњаци, но истовремено ги осудува и обидите за нивна промоција како посебна етничка заедница „Торбеши“ чија етногенеза не припаѓа на Македонскиот народ! Македонците со исламска религија се само Македонци и ништо друго освен Македонци!СМИР бара Александар Чомовски да се извини на македонскиот народ поради дрскоста за распродажбата на македонските национални интереси и крчмењето с

Пронајдете не на следниве мрежи: