Во една популарна кафана, пред година дена, поточно на 24-ти мај минатата година, Јелена и Зоран имале расправија пред еден настап.Таа вечер, убиената српска пејачка имала закажан настап на сплав, каде со својот сопруг дошла еден саат порано пред почетокотна свирката.
И покрај тоа што имале обезбедено место, тие двајца цело време го минала зад сцена, жестоко расправајќи се.
„Јелена беше видно нерасположена, како и Зоран. Тој цела вечер беше расеан, а таа го смируваше и нешто му објаснуваше. Можеше да се види и дека постои некој проблем меѓу нив. Иако персоналот од кафаната ги викаше неколку пати да се сместат, тие останаа доследни и не се помрднаа од бината“, раскажал извор кој таа вечер се затекнал на лице место, па додал:
„Јелена пиеше само вода, додека Зоран не сакаше ништо. Она што беше почудно, Марјановиќ не сакаше да седне ни кога настапот почна, туку се смести во еден мал агол зад бината за наводно да го подесува осветлувањето. Всушност не сакаше да се одвои од Јелена.
Во еден момент викше по неа и ѝ рече: „Смири се, ќе те претепам“, што го слушнаа луѓето кои што беа околу нив, но кога сфатија дека сите ги слушнаа, ја намалија тензијата и привидно се смирија.
Ноќта беше претопла, а кафаната никогаш пополна. Игла не можеше да падне. Јелена и покрај лошото расположение и бурната расправија со Зоран, која ја имаше пред настапот, беше на висина на задачата. Пееше, а тие 800 луѓе заедно со неа. Беше среќна поради посетеноста. Зоран цела вечер преседе на сцената веднаш зад неа и не се помрднуваше. Беше многу љубоморен, не сакаше да ја пушти од вид ни за секунда“, заклучува истиот извор.Таа вечер, убиената српска пејачка имала закажан настап на сплав, каде со својот сопруг дошла еден саат порано пред почетокотна свирката.
И