Смоквата спаѓа во најздравите намирници, дава енергија, го намалува холестеролот и штити од стресСвежата смоква е богата со витамини В-комплекс, А, C, E и К, железо, калиум, бакар, селен, цинк, калциум и магнезиум, како и каротн, лутеин кои го зајакнуваат имуниот систем на нашиот организам.
Богата е со пектин и не е многу калочична(во 100 грама свежи смокви има околу 74 калории). Смоквата содржи 80% вода и околу 60 % природен шеќер.
Сувата смоква е исто така многу драгоцена бидејќи содржи антиоксиданси, витамини и минерали. Сувата смоква има многу повеќе магнезиум и калциум од свежата, ја подобрува концентрацијата, ги зацврстува коските, помага во борба против депресијата и стресот и дава сила. Во 100 гр има околу 250 калории.
Го намалува холестеролот
Смоквата ефикасно го намалува холестеролот во крвта. Зрелите смокви содржат билни стероли кои се врзуваат за молекулите на холестеролот во цревата и спречуваат да се апсорбира.
Штити од малигни болести
Антиоксидансите и други материи во смоквите се борат против слободните радикали кои предизвкуваат карцином. Јадете ги често бидејќи штитат од карцином на простата, дебелото црево, белите дробови, и од карцином на дојката во период на менопауза.
Ги чува коските
Поради високото количество на магнезиум и калциум, сувите смокви го јакнат имунитетот, го чуваат нервниот систем и коските. Преставуваат вистински избор за трудниците и жени во менопауза.
Штити од кардиоваскуларни болести
Освен што ја подобрува работата на имунолошкиот систем, смоквата го штити организмот од кардиоваскуларни заболувања. Бидејќи е богата со калиум, смоквата се препорачува за намалување на повишениот крвен притисок.
Поубав изглед на кожата
Благодетите на смоквата се одразуваат и на поубав изглед на кожата на лицето. Доколку јадете смокви, ќе имате помалку брчки. Можете да испасирате неколку смокви и да ги користите како средство за чистење на кожата и лечење на акни.
Добра е за диета
Смоквата има ниско ниво на маснотии и обилува со влакна кои даваат подолго чувство на ситост па така оние кои сакаат да ослабат им се препорачува да го конзумираат ова овошје. Доколку повеќе сакате суви смокви, внимавајте на количината која ја внесувате бидејќи се калорични.Свежата смоква е богата со витамини В-комплекс, А, C, E и К, железо, калиум, бакар, селен, цинк, калциум и магнезиум, како и каротн, лутеин кои го



