СМРДЕА СЕ ШИРИ НИЗ ДОБОЈ И МАГЛАЈ: Луѓето се шетаат со маски, улиците преполни со ѓубре…

Најсериозни последици во Босна и Херцеговина претрпуваат градовите Добој и Маглај. Ситуацијата ја влошуваат температурите од над 20 степени целзиусови.Делови од Босна и Херцеговина потполно се уништени од страна на катастрофалните поплави, а најтешки последици претрпуваат градовите Добој и Маглај. По повлекувањето на водата, патот од едниот до другиот град останал преплавен со ѓубре, а ситуацијата ја влошуваат температурите кои се искачуваат над 20 степени целзиусови. Покрај тоа што се шири непријатна миризба, на градовите им се заканува и епидемија. Забрзано се работи на чистење на становите од кои ќе мора да се исфрли апсолутно се’, вклучувајќи ги и надворешните слоеви на ѕидовите.
Во овие моменти поради калта, водата и тињата може да се оди само во гумени ќизми, а задолжителни се медицинските маски преку устата и носот.

Инвентарот е исфрлен од сите продавници во градот па каливите намириници исто така се наредени на купишта. Луѓето се огорчени поради, како што велат, закаснетата реакција на влдата. Градоначалникот, како што тврдат, не им се обратил три дена поради што биле препуштени сами на себе.
“Наместо насип се гради автопат и се’ останато”
Ако ништо друго, луѓето се сложни и солидарноста е на високо ниво во целата земја. Вода и храна не им недостига, но има недостаток на лекови и медицинска опрема бидејќи и аптеките и здраствените центри се уништени.
Многумина веруваат дека сето ова би било спречено доколку пред две години изграделе насипи.
 Делови од Босна и Херцеговина потполно се уништени од страна на катастрофалните поплави, а најтешки последици претрпуваат градовите Добој и Маглај.

Пронајдете не на следниве мрежи: