Организаторите на релито „Дакар 2015“, соопштија дека полскиот мотоциклист Михаил Херник (39) го загубил животот во текот на специјалот од Сан Хуан до Чилесито.Околу 02:37 часот, организаторите го загубиле сигналот со возилото кое го управувал Херник, а бидејќи не стигнал на целта во предвиденото време, почнала потрага по него.
За жал потрагата завршила со најлошиот можен епилог.
-Ги истражуваме причините за несреќата, но може да се каже дека на неговото тело нема никакви повреди, се наведува во соопштението на организаторот на релито.
Полскиот мотоциклист две години се подготвувал за деби на најпознатото, но и најопасното рели на светот. По двете извозени етапи беше на 84. место во конкуренцијата на мотоциклистите.
Од 1979-та година ова е 24-ти смртен случај на учесници на релито Дакар.Околу 02:37 часот, организаторите го загубиле сигналот со возилото кое го управувал Херник, а бидејќи не стигнал на целта во предвиденото време, по