Судот во Индија денес реши да изрече смртна казна за четворица силувачи.Смртната казна со бесење на четворица силувачи од Индија е резултат на многуте настани со силување кои се случија овој период во Индија.
Четворицата силувачи во декември минатата година, во автобус во Њу Делхи, претепаа и силуваа 23-годишна студентка, која подоцна почина во болница од тешките повреди.
Судијата Јогеш Кан, кој четворицата обвинети на почетокот на неделата ги прогласи за виновни заради групно силување и ладнокрвно убиство, ги отфрли барањата на нивните адвокати казната да се ублажи, пренесоа светските агенции.
Таткото на починатата девојка по изрекување на пресудата изјави дека е задоволен од казната.
Четворицата обвинети ќе бидат обесени.
Во извршување на злосторството учествувувале шестмина Индијци од кои еден, Рам Синг, во затворот изврши самоубиство. Вториот кој е малолетен (неговото име не е објавено) минатата недела е осуден на три години поправен дом, што во Индија претставува максимална казна за малолетници.
Ова злосторство предизвика повеќемесечни протести ширум Индија, заради лошата безбедност на жената и зачестените силувања во земјата, а обвинителството, многу владини официјални претставници и речиси целокупната јавност за силувачите побараа смртна казна. Смртната казна со бесење на четворица силувачи од Индија е резултат на многуте настани со силување кои се случија овој период во Индија.