вторник, 24 ноември 2026
Најново

Смртна казна за силувачи во Индија

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Судот во Индија денес реши да изрече смртна казна за четворица силувачи.Смртната казна со бесење на четворица силувачи од Индија е резултат на многуте настани со силување кои се случија овој период во Индија. 
Четворицата силувачи во декември минатата година, во автобус во Њу Делхи, претепаа и силуваа 23-годишна студентка, која подоцна почина во болница од тешките повреди. 
Судијата Јогеш Кан, кој четворицата обвинети на почетокот на неделата ги прогласи за виновни заради  групно силување и ладнокрвно убиство, ги отфрли  барањата на нивните адвокати казната да се ублажи, пренесоа светските агенции.
Таткото на починатата девојка по изрекување на пресудата изјави дека е задоволен од казната. 
Четворицата обвинети ќе бидат обесени. 
Во извршување на злосторството учествувувале шестмина Индијци од кои еден, Рам Синг, во затворот изврши самоубиство. Вториот кој е малолетен (неговото име не е објавено) минатата недела е осуден на три години поправен дом, што во Индија претставува максимална казна за малолетници. 
Ова злосторство предизвика повеќемесечни протести ширум Индија, заради лошата безбедност на жената и зачестените силувања во земјата, а обвинителството, многу владини официјални претставници и речиси целокупната јавност за силувачите побараа смртна казна. Смртната казна со бесење на четворица силувачи од Индија е резултат на многуте настани со силување кои се случија овој период во Индија. 

Поврзани вести