Две лица загинаа во сообраќајна несреќа која вчера околу 6:45 часот се случи на регионалниот пат Бановиќи-Лукавац.На местото на несреќата смртно настрада Ермин Шахбазовиќ (20) додека во автомобилот на Брза помош почина и Бемир Хериќ (23).
Тие двајца биле патници во автомобил марка Ауди А3 кој го управувал 29-годишниот Х.Н. кој се здобил со повреди на градниот кош и после несреќата е сместен во одделот за интензивна нега на Клиниката за анестезиологија и реанимација во Тузла.
Семејствата на починатите момчиња се во шок и неверување, пријателите на настраданите се простуваат од своите другари преку Фејсбук прикачувајќи заеднички фотографии, стихови и емотивни пораки.
Еден од пријателите за медиумите раскажа дека двајцата другате тргнале на работа кога се случила несреќата. Како што вели нивниот пријател и двајцата биле чесни и вредни момци. Бемир во последно време учествувал во разни хуманитарни акции и по пат на социјалните мрежи за многу загрозени семејства собирал парични средства и храна. беше голем хуманист – додава неговиот пријател.
По Фејсбук статусот на Хериќ Бемир може да се каже дека на 11 Јануари како да си ја предосетил својата смрт. На својот налог прикачил емотивна песна од Џеј чиј текст говори за пат од кој нема враќање….
Што да му кажам на татко ми кога ќе ме праша каде сум, со кого сум, како сум, што правам. Што да кажам, што да излажам сега, а да не го растажам, да не му создадам болка. Недела и сите сте тука, се потсетува на среќа, недела, а повеќе нема да ве прегрнам, недела и сите сте тука а мене сега ме нема. Далеку негде сега, на пат од кој нема назад вашиот син се спрема.На местото на несреќата смртно настрада Ермин Шахбазовиќ (20) додека во автомобилот на Брза помош почина и Бемир Хериќ (23).
Тие двајца бил