Смртоносна болест: Повторно се појавила иако е искоренета пред скоро 30 години!

Едно шестгодишно дете од Шпанија се разболело од дифтерија – болест на дишните патишта која може да биде смртоносна. Ова е прв забележан случај во последните 28 години во земјата која верувала дека ја искоренила оваа болест, пренесуваат шпанските медиуми.Детенце од градот Олот, кој се наоѓа во североисточната покраина Каталонија, пред две недели почувствувало слабост проследена со покачена температура и болка во грлото, а набрзо му била дијагностицирана бактериска болест од која страдаат срцето и бубрезите. Оваа болест за последен пат била забележана во 1987 година, во Шпанија.
Здравствените служби беа неподготвени да го излечат детето, со оглед на тоа дека Шпанија нема анти-токсини кои се непоходни за третирање на болеста. Првите дози биле пратени од Русија, која е единствена европска држава во која дифтеријата е сѐ уште актуелна.
Инфекцијата се пренесува преку вдишување на ист воздух со заболено лице, како и преку директен контакт, па во 10 до 15 отсто од случаите доведува до смрт. Кашлање, кивање, како и допирање на заразени предмети исто така доведува до ширење на инфекцијата.

Лекарите во Каталонија ги откриле симптомите и кај уште осум други ученици, но болеста била спречена со брзо вакцинирање. Разболеното момче не било вакцинирано и сега се наоѓа во болница. Неговата состојба е стабилна, но тешка, со оглед на тоа што белите дробови, срцето и бубрезите му функционираат благодарение на болничките апарати – известиле од болницата Vall d`Hebron во Барселона.
Во последните недела дена, во тој регион скокна бројот на превентивни вакцинирања на деца и возрасни за цели 23 отсто. Околу 3 отсто од децата сѐ уште не се вакцинирани, проценува Министерството за здравство.
Министерот за здравство Алфонсо Алонсо, истакна дека „невакцинирањето е неодговорно однесување“.
„Благодарение на редовното вакинирање на околу 95 отсто од децата во Шпанија, во последните 30 години немаше ниту еден случај на дифтерија“, соопшти Шпанското здружение за педијатрија.
Здравствената служба истражува како детето се заразило, но напоменува дека тоа ќе биде тешко за откривање, посебно доколку лицето коешто го заразило ги нема симптомите на болеста. Се испитуваат лицата со кои детето било во контакт, а лекарите тврдат дека заразата е сопрена.Детенце од градот Олот, кој се наоѓа во североисточната покраина Каталонија, пред две недели почувствувало слабост проследена со покачена температу

Пронајдете не на следниве мрежи: