Холандскиот интернационалец од редовите на Интер најави дека одлуката околу која ќе се реши дали ќе се пресели во Галатасарај нема да биде толку лесна и дека секако нема да ја донесе толку брзо.
Весли Снајдер се наоѓа пред потпишување на договор со Галатасарај, но Холанѓанецот сепак остана во Италија и одлучи да присуствува на дуелот меѓу екипите на Интер и Пескара.
Во вечерните часови од Истанбул стигна потврда дека барањето на Снајдер е големо, но Холанѓанецот изјави дека сеуште не ја донел конечната одлука дали ќе го напушти Интер.
„Се чувствувам добро, знам дека морам да донесам тешка одлука. Сигурно дека нема да го кажам својот конечен став до понеделник а како што останаа уште само две недели од преодниот трансфер-период можам само да додадам дека не сум премногу преокупиран со ова и дека сериозно ги разгледувам сите опции кои се на располагање“ изјави Снајдер.
Масимо Морати исто така изјави дека е уморен од овие приказни околу Весли Снајдер и дека Холанѓанецот ќе остане во клубот доколку ја одбие понудата од Галатасарај.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Холандскиот интернационалец од редовите на Интер најави дека одлуката околу која ќе се реши дали ќе се пресели во Гала