Поранешниот шеф на безбедносните служби на Украина, Александар Јакименко, изјави дека снајперистите кои се одговорни за смртта на десетина луѓе, цивили и полицајци за време на немирите во Киев, оперирале од зградата која е контролирана од страна на опозициските сили на плоштадот Мајден. Помеѓу снајперистите, како што се верува, имало и платеници од поранешна Југославија.-Истрелите доаѓале од зградата на Филхармонијата, под контрола на командантот Андреј Парубиј, кој потоа стана шеф на Украинскиот Совет за безбедност – изјавува Александар Јакименко.
-По завршувањето на првиот бран напади, многумина имаа можност да забележат како 20 лица ја напуштија зградата. Тие во рацете носеле војнички торби во кои се чуваат автоматски пушки со оптички нишан – додава Јакименко.
Според Александар Јакименко снајперистите биле странци и најверојатно имало платеници од поранешна Југославија и специјалци од украинското Министерство за одбрана.
-Припадници на “Десниот сектор” и “Слобода” бараа од мене да ги искористам специјалните единици Алфа и да ја исчистам зградата од снајпери. Ние бевме подготвени да кренеме во акција но за тоа ми беше потребна согласност од Парубиј. Во спротивно, припадниците на “самоодбраната” би ме нападнале од позади грб. Неговата согласност и одобрение не ги добив – објасни Јакименко.
-Истрелите доаѓале од зградата на Филхармонијата, под контрола на командантот Андреј Парубиј, кој потоа стана шеф на Украинскиот Совет за безбеднос