Во Лазарополе утрово е измерена најниска температура од минус 7 степени. Во Крушево и Маврово се измерени -5, во Берово -4, во Пожаране, Ѓуриште, Претор и Охрид -2, во Петровец и Битола -1, во Струмица, Тетово, Крива Паланка и Виница по 0, а Куманово и Штип 1, во Скопје и Демир Капија 2, во Дојран 4 и во Гевгелија 5 степени.Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи, најмногу дожд во изминатите 24 часа имало во Маврово, каде се измерени два, а во Крушево и Охрид по еден литри на метар квадратен.
Во Крушево и Маврово изтринава во 8 часот е измерена снежна покривка од 1 и 3 сантиметри.
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со засилен северозападен ветер, особено изразен вдолж Повардарието и источните делови. Во претпладневните часови во североисточните делови ќе има локален слаб снег. Највисоката температура на воздухот ќе биде во интервалот од 6 до 13 степени. Во Скопје слично време со засилен северозападен ветер и дневна температура до 10 степени.
Викендов утринските температурите на повеќе места ќе бидат околу или под нулата, додека дневната температура од сабота ќе биде во пораст.Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи, најмногу дожд во изминатите 24 часа имало во Маврово, каде се измерени два, а во Крушево и О