Снежно невреме: Десетици завеани на патот Зрењанин-Белград!

Десетици завеани на патот Зрењанин-Белград!Шлеперите го блокирале патот поради силниот ветер со орканска јачина, кој дува на територијата на цела Србија.
Сообраќајот на таа делница целосно е блокиран од синоќа во 21 часот, а ветерот со себе носи големи количества снег. Ветерот дува со бриза од над сто километри на час. Горан Николиќ од српскиот Сектор за вонредни состојби потврди дека снежните наноси во тој дел од патот достигнале два метри и оти на спасувачките екипи им е тешко да се пробијат до заробените патници. Тој истакна дека се блокирани околу 50 возила.
Николиќ изјави дека не знае точно колку лица останале завеани во своите автомобили, бидејќи синоќа се евакуирани околу 40 ученици, неколку жени и стари лица и сите кои сакале.
– Спасувањето на завеаните е тешко, бидејќи временските услови го отежнуваат. Екипите цела ноќ се на теренот, но ветерот не престанува и расчистувањето оди тешко, додаде тој.
Во утринската програма на РТС се јави момче, кое се претстави како Јован Јовановиќ и изјави дека со неговата девојка и пријател од 21 часот синоќа се завеани во нивниот автомобил.
Според него, пред неговото возило се наоѓаат 30-тина автомобили, а уште неколку зад него. Има и завеани автобуси.
Тој изјави дека луѓето се жедни и гладни, а на многумина веројатно и батериите намобилните телефони им се при крај, така што немаат можност да бараат помош. Исто така, како што изјави Јовановиќ на патниците, веројатно им станува студено, бидејќи возилата останале без гориво.
Новинар од РТС, кој се упатил кон колоната завеани возила јавил дека е невозможно да им се пријде на заеваните луѓе, бидејќи брзината на ветрот, кој дува во тој дел достигнува и над сто километри на час. Според него снежните наноси достигнале висина од четири метри, а колоната возила е долга околу четири километри. ац/сп/10:58Шлеперите го блокирале патот поради силниот ветер со орканска јачина, кој дува на територијата на цела Србија.
Сообраќајот на та

Пронајдете не на следниве мрежи: